Ултраизам — шпанско авангардно поетско движење од првата половина на 20 век.
Карактеристики Ултраизмот настанал под влијание на Гомес де ла Серна и Висенте Уидобро (творецот на кресионизмот), од една страна, како и Аполинер, Реверди, Маринети, дадаизмот и експресионизмот, од друга страна. Во него членувала разновидна група поети, како: Уидобро, Кансинос Асенс, Гилермо де Торе и Хорхе Луис Борхес. Антихеројството, космополитскиот дух, култот кон поетската слика и вербалната игра, интересот за модерната цивилизација и секојдневието се основните одлики на ова движење, кое траело кратко време — од 1918 до 1922 година во Шпанија, а до 1927 година во Аргентина. Токму поради краткото постоење, но и поради претераната извештаченост, ултраизмот не оставил големи дела, иако некои негови припадници (како Борхес) подоцна се стекнале со голема книжевна слава.Радивоје Константиновић, „Борхес песник“, во: Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. X-XI.
Наводи
Категорија:Шпанска книжевност Категорија:Аргентинска книжевност Категорија:Поетски правци Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ