Рибизла (науч. Ribes) е род од приближно 200 познати видови цветни растенија, претежно автохтони во умерените региони на северната хемисфера. Ова е единствениот род во семејството растенија Grossulariaceae. Родот вклучува видови кои најчесто се нарекуваат црвена рибизла, црна рибизла, бела рибизла и цариградско грозје. Неколку видови се одгледуваат и поради нивните јадливи плодови и како украсни растенија во хортикултурата.

Опис Видовите од родот рибизли се средни растенија слични на грмушки со изразена разновидност во цветовите и плодовите. Тие имаат лобусни или сложени листови, а некои имаат трње. Цветовите на овие растенија се бисексуални и се раѓаат на гроздови. Бојата на цветовите може да варира од зелена до жолта или црвена во зависност од видот. СЧашкините ливчиња на цветовите се поголеми од ливчињата и се спојуваат во цевка во форма на чинија.

Таксономија Ова е единствениот род во семејството Saxifragales Grossulariaceae. Иако некогаш бил вклучен во поширокиот опсег на Saxifragaceae sensu lato, сега е позициониран како сестринска група на Saxifragaceae sensu stricto.

Поделба Првпат третирана на светско ниво во 1907 година, инфрагенерската класификација претрпела многу ревизии, па дури и во ерата на молекуларната филогенетика имало контрадикторни докази. Иако понекогаш се третира како два одделни рода, Ribes и Grossularia (Berger 1924), консензусот бил да се смета за еден род, поделен на голем број подродови, од кои главни се подродот Ribes (рибизли) и подродот Grossularia (огрозд), понатаму поделени на секции.

Некои автори и натаму ги третираат Hesperia и Lobbia како подродови.

Видови

мини|Црна рибизла (Ribes nigrum) мини|Црвена рибизла (Ribes rubrum) мини|Ribes speciosum (огрозд) Постојат околу 200 видови од родот рибилзи. Избрани видови вклучуваат: Ribes alpinum Ribes aureum Ribes cereum Ribes divaricatum Ribes glandulosum Ribes hirtellum Ribes hudsonianum Ribes inerme Ribes lacustre Ribes laurifolium Ribes lobbii Ribes montigenum Ribes maximowiczii Ribes nevadense Ribes nigrum Ribes oxyacanthoides Ribes rubrum Ribes sanguineum Ribes speciosum Ribes triste Ribes uva-crispa

Распространетост и живеалиште Ова се широко распространети растенија низ северната хемисфера, а се протегаат и на југ во планинските области на Јужна Америка. Некои видови од овој род може да се најдат на ливади или во близина на потоци.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Сушоотпорни растенија Категорија:Грмушки Категорија:Јадливи растенија Категорија:Рибизла