мини|400p|Однос на големините на досегашните ТВ стандарди и ХДТВ
ХДТВ е кратенка за телевизија со висока дефиниција (резолуција) (анг. high-definition television) и опишува современ телевизиски или видео систем кој обезбедува значително поголем квалитет на сликата од претходната генерација технологии.
Терминот почнал да се користи од 1933 година, а денес се однесува на генерацијата современи телевизори што следеа по оние со стандардна дефиниција (СДТВ). Всушност, ХДТВ стана стандарден видео формат што се користи кај телевизиското емитување, без разлика дали тоа е преку копнени телевизиски антенски предаватели, преку кабел, ИПТВ или со користење сателитски уреди.
ХДТВ може да се пренесува во различни формати: 720p (1280 × 720p): 921.600 пиксели 1080i (1920 × 1080i) испреплетено скенирање: 1.036.800 пиксели (≈1,04 Mpx) 1080p (1920 × 1080p) прогресивно скенирање: 2.073.600 пиксели (≈2,07 Mpx).
Како минимум, ХДТВ има двојно поголема линеарна резолуција од телевизијата со стандардна дефиниција (СДТВ), со што прикажува многу повеќе детали во споредба со аналогната телевизија или со обичниот ДВД. Техничките стандарди за емитување HDTV, исто така, ги обработуваат сликите во сооднос на ширина и висина од 16:9, без употреба на анаморфно истегнување (letterboxing), со што се зголемува ефективната резолуција на сликата.
Наводи
Категорија:Видео Категорија:Електроника Категорија:Дигитална телевизија Категорија:Високоразделна телевизија