Горски јавор () — вид на јавор домороден во Европа и Западна Азија. Претставува големо листопадно широколисно дрво отпорно на ветар. Во Македонија е застапен со две разновидности, од кои една има три облика (погл. подолу).

Иако е домороден на подрачје од Франција до Украина, северна Турција и Кавказ, а на југ до планините во Италија и северниот Пиринејски Полуостров, горскиот јавор лесно се размножува од семе и до 1500 г. бил внесен на Британските Острови. Денес е одомаќинет таму и по други делови на Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд, каде знае да биде инвазивен вид.

Горскиот јавор достигнува висина до 35 м, а гранките образуваат широка заоблена крошна. Кората е сива, мазна во младоста, а подоцна неправилно распукана. Листовите растат на долги лисни дршки и се големи и дланчести, со пет големи залистоци. Цветовите се зеленикаво-жолти и висат во метлички. Произведуваат изобилство од полен и нектар кој ги привлекува животните. Кога ќе узреат, Крилестите оревчиња паѓаат на земја со вртење. ’Ртат слободно следната пролет.

Во домородното живеалиште горскиот јавор е поврзан со биоразновиден опсег на безрбетници и габи, но истите не се секогаш присутни на местата кајшто тој е внесен. Понекогаш се сади во градски средини како украсно дрво. Дава цврсто и густо дрво со кремастобела боја кое се користи за изработка на музички инструменти, мебел, столарија, дрвени подови и кујнски прибор. Добро е и како огревно дрво. Растителниот сок кој напролет се качува во некои места служи за добивање шеќер и подготовка на алкохолни и безалкохолни пијалаци, и може да се направи во слад како оној на шеќерниот јавор. Пчелите го собираат нектарот за мед.

Опис мини|десно|Гранчиња, пупки, листови, цветови и плодови на ботаничка илустрација. мини|десно|Горскиот јавор може да образува широка куполеста крошна. мини|Горски јавори во почетокот на октомври, Долна Австрија. Горскиот јавор е големо широколисно листопадно дрво кое достигнува висина од 20-35 м и се разгранува во широка куполеста крошна. Кората кај младите дрва е мазна и сива, но со време огрубува и напукува во лушпи, под кои се забележува внатрешната кора чија боја е светлокафеава до розовкаста. мини|десно|Врв на изданок зиме со завршна пупка и пар странични пупки. Пупките излегуваат во спротивни парови, јајцевидни и зашилени, со пупкини лушпи (видоизменети листови што ја штитат пупката) со зелена боја обрабена со темнокафеаво и со врвови со истата боја големи 0,5–1 см. Кога отпаѓаат оставаат потковичести лузни. Листовите се спротивни, големи, долги 10-25 см, широки и дланчести со 5 зашилени залистоци кои се крупно назабени. Имаат кожеста површина со дебели жили одоздола. По боја се темнозелени одозгора, а посветли на опачината. Кај некои сорти листовите имаат виолетова или жолта нијанса. Лисните дршки се долги 5-15 см и со црвена нијанса а без прилисници или листовидни структури при основата.

Функционално еднодомните жолтозелени цветови се отвораат по развојот на листовите на почетокот на летото, на висечки метлички долги 10- 20 см, со по 60–100 цветови на секоја дршка. Плодовите се спарени крилести оревчиња чии семиња имаат пречник од 5-10 мм и чие крилце е долго 20-40 мм развиено како продолжеток на ѕидот на плодницата. Крилцата се под прав агол едно на друго, поради што се разликуваат од оние на млечот (A. platanoides) и кленот (A. campestre), каде истите се речиси спротивни, и од оние на шеќерниот јавор (A. saccharum), каде се речиси напоредни. Кога ќе падне оревчето, ветерот ги обзема крилцата и тие го вртат плодот додека паѓаат, што овозможува поширо расекување. Семињата зреат наесет околу четири месеци по опрашувањето.

Горскиот јавор е тетраплоиден (секоја клетка има четири комплета на хромозоми, 2n=52), додека кленот и млечот се диплоидни (со 2 комплета на хромозоми, 2n=26).

Ботаника Горскиот јавор цвета во висечки грстови наречени метлички кои содржат различни видови цветови. Највеќето се морфолошки двополови (со машки и женски органи) но функционираат како да се еднополови. Некои се морфолошки и функционално машки, а други морфолошки двополови но функционираат како машки, а трети морфолошки двополови а функционално женски. Сите видови цветови прават полен, но поленот од функционално женските цветови не из’ртува. Сите цветови прават нектар, при што функционално женските цветови произведуваат најголема количина и највеќе шеќер.

Дрвата се доста се разликуваат зависно од живеалиштето и преземаат мерки против самоопрашување, што ја ограничува генетската разновидност и ги закржлавува дрвата. Највеќето соцветија се образуваат во мешавина од функционално машки и функционално женски цветови. Кај секое дрво прво се отвора едниот вид цвет, а потоа другиот, и никако истовремено. Кај некои дрва женските се први во една година, а во друга година машките. Плововата смена се случува во различни времиња во разни делови на крошната, и различни дрва од една популација може да расцветаат во текот на неколку недели, со тоа поттикнувајќи вкрстено опрашување, иако самоопрашувањето не може наполно да се спречи.

Горскиот јавор се вркстува со други видови јавори од одделот Acer како планински јавор (A. heldreichii) на места каде растат заедно, како и со кадифестиот јавор (A. velutinum). Познати се и вкрстувања со јавори од друг оддел како со седиот јавор (A. griseum, оддел Trifoliata), каде приосновните залистоци се намалуваат, и со тоа изгледаат речиси трилисни).

Распространетост Овој вид е домороден во Средна, Југоисточна и Источна Европа и Западна Азија. Покрај Македонија и речиси целиот Балкан распространет e Австрија, Белгија, Германија, Грузија, Италија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, јужна Русија, Источна Тракија, Унгарија, Франција, Холандија, Чешка, Швајцарија и Шпанија. Во Британија е внесен во тјудорскиот период, до 1500 г. и првпат забележан во дивина во 1632 г. во Кент. Неговото доведување во Ирска е со непознат датум, но најстариот примерок е познат за грофовијата Каван од XVII век. Во Шведска е донесен околу 1770 г. од семиња земени од Холандија.

Горскиот јавор е внесен на прикладни места вон Европа како привлечно дрво за паркови, улици и градини. Донесен е во САД, Канада, Австралија (Викторија и Тасманија), Чиле и Нов Зеланд, Патагонија и ловоровите шуми на Мадејра и Азорите. Кога бил донесен, луѓето веројатно не биле свесни дека толку изобилно се размножува и дека еден ден ќе причини проблеми во тие предели и ќе ги потисне домородните видови. Денес се смета за штетник во некои делови на Австралија (Јара Рејнџес, Викторија) и Маунт Маседон, кај Дејлсфорд, делови од венецот Данденонг, каде е одомаќинет во евкалиптусовите шуми. Горскиот јавор е расеан и по североисточна Тасманија и во Таруна крај реката Дервент во јужен Хобарт. Се смета за инвазивен вид во Нов Зеланд, Норвешка, и на еколошки чувствителните места во Обединетото Кралство.

Околу 1870 г. горскиот јавор е внесен во САД и зададен во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси. Подоцна се одгледувал како парковско и улично дрво во Нова Англија и средноатлантските држави. Кон почетокот на XXI век бил одомаќинет во 14 сојузни држави (Делавер, Илиноис, Кентаки, Конектикат, Мејн, Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Пенсилванија, Род Ајленд, Северна Каролина и градот Вашингтон), како и во канадските покраини Британска Колумбија, Нова Шкотска, Њу Бранзвик и Онтарио. The United States Department of Agriculture considers it an invasive species.

Во Македонија Горскиот јавор во Македонија е застапен следниве разновидности и нивни облици:

var. pseudoplatanus Разновидноста pseudoplatanus е присутна со три облици:

Обликот f. pseudoplatanus — познат за планините Китка, Јакупица, Салакова Планина, Караџица — Жаба (В. Матевски & М. Костадиновски); Шар Планина — Љуботен; Маврово; Кораб — с. Нистрово, Длабока Река, Танушанска Река; Македонски Брод — Барбарас; Крушево — Муратово (М. Костадиновски); Демир Хисар помеѓу с. Железнец и с. Големо Илино; Демир Капија; Кожуф - Мрша, Флора, Две Уши, Висока Чука; Беласица.

A. pseudoplatanus s.l. се посочува за повеќе места во Македонија и тоа: пл. Галичица, пл. Пржиград (Vandas, 1909); Беласица (Стојанов, 1921); Осогово — Царев Врв (Урумов, 1923); Пелистер и Кожуф — Чичи Каја (Bornmüller, 1925); Кавадарци — Радобил (Stojanoff, 1928); пл. Бистра (Soška, 1929); Скопје — Капина, , Гостивар — Буковиќ (Soška, 1938, 1939); Горна Радика (Гребеншчиков, 1938); Охрид — с. Љубаништа (Черњавски, 1943); Скопска Црна Гора (Групче, 1958); Гевгелија — пл. Даб (Циримотиќ, 1958); Скопје — Осој (Матвејева, 1968).

Обликот f. palmatifidum — Шар Планина помеѓу Тетово и с. Лисец; Маврово — помеѓу с. Маврово и с. Маврови Анови, клисура на Мавровска Река, Аџина Река; Кораб — Длабока Река; Дудица — Караула „Шаренка“; Кожуф — Висока Чука, помеѓу Орлик и Попово Гумно.

Обликот f. subobtusum — Маврово — Маврови Анови.

var. villosum Разновидноста var. villosum е позната за пл. Јакупица, Салакова Планина; Маврово — Маврови Анови, Мавровска Река, Кичица; Кичево — Илиница (В. Мехмети); Дешат — во околината на с. Битуше; Стогово; Пелистер; Дудица; Кожуф; Осогово.

Екологија мини|Лист со црна пегавост.

Во неговите домородни живеалишта горскиот јавор е природна составница на брезовите, буковите и еловите шуми. Лесно презема пореметени предели како шумски насади, напуштено обработливо и индустриско земјиште, пруги, крајпатни појаси, живи огради, домородни и полуприродни ретки шуми. Во Нов Зеланд ги запоседнува тревиштата на повисоките предели. Како внесен и инвазивен може да ги деградира ловоровите шуми во Мадејра и Португалија и претставува потенцијална закана по ендемски мадејрска орхидеја (Dactylorhiza foliosa).

Вирее на најразлични видови почви освен во тешка глина, а најдобро успева во хранлива, по малку варовничка почва. Корењата образуваат високоспецифична и полезна микоризни заедници со габата Glomus hoi, што поттикнува преземање на фосфор од почвата. Микоризите на горскиот јавор се внатрешноабускуларни, каде габата расте во самото кореново ткиво и образува разгранети дрволики структури во клетките на кореновата кора.

Со листовите на горскиот јавор се хранат ларвите на повеќе видови молци. Тука можат да се споменат јаворовата совица (Acronicta aceris), јаворовата грборошка (Ptilodon cucullina) и перјестата грборошка (Ptilophora plumigera). Дивокостеновиот листен минер (Cameraria ohridella) понекогаш положува јајца на дрвото, иако 70 % од ларвите не го надживуваат вториот стадиум. Листовите привлекуваат вошки, а со тоа и бубамарите и осоликите муви кои ги јадат. Цветовите создаваат изобилен нектар и полен и се привлечни за пчели и други инсекти, а семињата ги јадат мали цицачи (на пр. полјанките) и птици. Како внесено растение, во Британија има релативно мала поврзана инсектна фауна од околу 15 видови, но има поголем опсег на џуџести штурци отколку во матичните краишта.

Дрвото може да биде нападнато од дивокостеновата штитеста вошка (Pulvinaria regalis), која го пие сокот од стеблото и гранките, но не му предизвикува сериозна штета на дрвото. Sometimes squirrels will strip the bark off branches, girdling the stem; as a result whole branches may die, leaving brown, wilted leaves.

Kрлежот шиклар Eriophyes macrorhynchus прави мали црвени шикли, слични на оние на липовиот крлеж шиклар Eriophyes tiliae, на листови на горски јавор и клен (Acer campestris) од април натаму. Крлежот Aceria pseudoplatani предизвикува јаворова кадифена шикла на долната страна од листовите кај горскиот јавор и млечот (Acer platanoides). Јаворовата вошка Drepanosiphum platanoidis пие сок од пупките и листовите, и лачи големи количества на медлика која ги загадува листовите, автомобилите и градинарскиот мебел под дрвото.