Стадион „Петар Милошевски“, поранешен Стадион Тумбе Кафе, познат и како Градски стадион Битола — повеќенаменски стадион сместен на ридот Тумбе Кафе во Битола, кој од 21.12.2021 година го носи името на легендарниот голман Петар Милошевски. Моментално се користи најчесто за фудбалски натпревари и е домашниот стадион на ФК Пелистер. Стадионот има сместивост за 8.587 гледачи.

Историја Во април 2015 започнала реконструкцијата на стадионот, односно на фудбалскиот терен, како дел од проектот „Хет-трик 4“.Започна реновирањето на „Тумбе Кафе“, Пелистер ќе биде домаќин во Прилеп sport365.mk 15 април 2015Почна реновирањето на „Тумбе кафе“, Пелистер се сели во Прилеп ekipa.mk 15 април 2015

Во декември 2016 година, започнала реконструкцијата на трибинскиот простор на северната трибина. Градежните активности околу новата северна трибина продолжиле и во 2019 година. Со тие градежни зафати, северната трибина требала да има 4.500 седишта, а и стадионот да добие рефлектори.

Поврзано Петар Милошевски

Наводи

Тумбе Кафе Категорија:Спортски зданија во Битола Категорија:ФК Пелистер Категорија:Стадиони во Европа