thumb|Гол див костен (Aesculus glabra). thumb|Цвет на црвеноцветниот див костен (Aesculus × carnea) thumb|Germinating seed of a horse-chestnut still half-enclosed in its shell, while the root has already reached the soil

Див костен () — род на цветни растенија од семејството на сапуновите (Sapindaceae). Ова се дрва и грмушки претежно домородни во умерените краишта на севрната полутопка, но со ислучок на асамскиот див костен (A. assamica) кој е од суптропските делови на југоисточна Азија. Базата Plants of the World Online (POWO) прифаќа 12 видови, од кои седум се од Северна Америка, четири од Азија и еден од Европа; некои други автори прифаќаат уште видови. Хадрин (1957–1960) прифатил 13 видови, порталот Trees and Shrubs Online наведува „13–15“ видови со описи на 14 видови, и Харис и сор. (2009) прифаќаат 16 видови. Постојат шест природни хибриди, и уште неколку добиени во расадници. thumb|250px|Полуотворена лисна пупка на обичниот див костен.

Карл Линеј го нарекол родот Aesculus по римскиот назив за јадливиот желад. Родот се сметал за дел од двородното семејство на дивокостеновите (Hippocastanaceae) заедно со Billia, но филогенетската анализа на морфолошки и молекуларни податоци довела до префрлање на семејство, заедно со јаворите (Aceraceae), во семејството на сапуовите (Sapindaceae).

Зборот див костен предизвикува забуна со родот костен (Castanea) од редот на буките (Fagales), бидејќи не се работи за дива варијанта на истото растение.

Опис Видовите на див костен се грмушки или дрва со висина од 4 до 35 м. Гранчињата се дебели, со смолести лепливи пупки; листовите се спротивни и дланчесто поделени и мошне големи (65 см кај јапонскиот див костен ). Цветовите се украсни, со по 4-5 ливчиња сраснати во венче, распоредени во метличести соцветија. Цветаат на пролет или лето, од февруари (ретко јануари) кај асамскиот див костен до јули (ретко август) кај индискиот и ситноцветниот див костен; некои видови имаат втора мала цветна сезона наесен. Се опрашуваат од инсекти и птици. Плодовите се чаури со пречник од 2-5 см, обично топчести и со по три големи семиња во секоја чаура. Семињата се зарамнети од една страна и имаат голема бела лузна кајшто се поврзани со чаурата. Кората чаурата има боцки кај некои видови, а кај други е брадавичеста или мазна. Кога ќе созрее чаурата се расцепува на три дела и ги пушта семињата.

Дивиот костен не бил познат за ботаниката сè до 1596 г. кога фламанскиот научник Карл Клузиј добил листови од Виена; потоа дрвото е пренесено поназапад, при што првите примероци во Франција дошле во 1603 г. а во Британија помеѓу 1612 и 1615 г.

Видови Видовите прифатени од POWO се следниве: Слика Научно име Народно име Живеалиште Белешки120п Aesculus assamica асамски див костен Југоисточна Азија од североисточна Индија (Сиким) на исток го јужна Кина (Гуангси) и северен Виетнам syn. A. wangii120п Aesculus californica калифорниски див костен Западна Северна Америка во Калифорнија 120п Aesculus chinensis кинески див костен Источна Азија Се разликуваат разновидностите var. chinensis и var. wilsonii120п Aesculus flava жолт див костен Источна Северна Америка syn. A. octandra120п Aesculus glabra гол див костен Источна Северна Америка Две разновидности: var. arguta и var. glabra120п Aesculus hippocastanum [обичен] див костен Југоисточна Европа120п Aesculus indica индиски див костен Јиугоисточн Азија, на западните Хималаи во североисточен Авганистан, северен Пакистан, северозападена Индија и западен Непал 120п Aesculus parryi Периев див костен Западна Северна Америка, ендемски во Северна Долна Калифорнија, Мексико 120п Aesculus parviflora ситноцветен див костен Југоисточна Северна Америка 120п Aesculus pavia црвен див костен Југоисточна Северна Америка Две разновидности: var. flavescens и var. pavia120п Aesculus sylvatica шумски див костен Југоисточна Северна Америка 120п Aesculus turbinata јапонски див костен Јапонија

Употреба Семињата на дивиот костен се проварувале и јаделе од древното џомонско население на Јапонија од V милинеум п.н.е. до 300 г н.е..

Сите делови од дрвото се умерено токсични, но семињата се најодговорни за труење. Токсинот го пореметува системот за варење. Токсичноста се должи на присуството на сапонинот ескин и гликозидот ескулин, а можеби имаат улога и алкалоидите.

Неколку домородни племиња од Северна Америка ги користеле семињата за риболов. Откако ќе ги смачкале, ги ставале во потоци или плитка вода, со тоа зашеметувајќи илу убивајќи ги рибите. Потоа рибата се варела и цедела барем трипати за да се разреди токсинот. New shoots from the seeds also have been known to kill grazing cattle.

Одгледување Најзастапен вид во светот е обичниот див костен (Aesculus hippocastanum). Жолтиот див костен (Aesculus flava, syn. A. octandra) има вредност како украсно дрво, но поретко се сади. Меѓу помалите видови е ситноцветниот див костен (Aesculus parviflora), кој е грмушка. За украсни цели се користат и други членови на родот; добиени се неколку хортикултурни хибриди, од кои најпознат е црвеноцветниот див костен (Aesculus × carnea), вкрстен од обичниот (A. hippocastanum) и црвениот див костен (A. pavia).

Поврзано Костен

Наводи

Надворешни врски

Див костен (Aesculus) — GRIN За мазниот див костен (Aesculus glabra)

Категорија:Сапунови Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј