Бразилската резолуција била презентирана пред Економскиот и социјален совет на Обединетите нации во 2003 година. Резолуцијата ги опфаќала човековите права и сексуалната ориентација. Таа била разгледана од Комисијата за човекови права, педесет и деветта седница, точка 17 на дневен ред.

Дискусијата за резолуцијата била одложена во 2004 година бидејќи се сметало дека нема да биде усвоена. Формална декларација на ОН за сексуална ориентација и родов идентитет била дискутирана во Генералното собрание на 18 декември 2008 година.

Нацрт-резолуцијата Нацрт-резолуцијата била поддржана од Австрија, Белгија, Бразил, Канада, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Лихтенштајн, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство.

Резолуцијата ги потврдила Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Конвенцијата против тортура и друг суров, нечовечки или понижувачки третман или казнување и Конвенцијата за правата на детето. Ги потврдла и еднаквите и неотуѓиви права на сите луѓе, односно дека Универзалната декларација за човекови права го потврдувала принципот на недопустливост на дискриминација и дека образованието за човекови права е клучно за промена на ставовите и однесувањето и за промовирање на почитувањето на различноста во општествата.

Резолуција Резолуцијата ги содржела следните шест изјави:

Изразува длабока загриженост поради појавата на кршење на човековите права во светот против лица врз основа на нивната сексуална ориентација; Нагласува дека човековите права и основните слободи се право на сите човечки суштества при раѓање, дека универзалната природа на овие права и слободи е несомнена и дека уживањето на таквите права и слободи не треба да биде попречено на никаков начин врз основа на сексуална ориентација; Ги повикува сите држави да ги промовираат и заштитуваат човековите права на сите лица без оглед на нивната сексуална ориентација; Го забележува вниманието што им се посветува на повредите на човековите права врз основа на сексуална ориентација од страна на посебните процедури во нивните извештаи до Комисијата за човекови права, како и од страна на телата за следење на договорите, и ги охрабрува сите посебни процедури на Комисијата, во рамките на нивните мандати, да обрнат должно внимание на ова прашање; Бара од Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права да обрне должно внимание на кршењето на човековите права врз основа на сексуална ориентација; Одлучува да продолжи со разгледувањето на прашањето на својата шеесетта седница по истата точка на дневен ред.

Поврзано Човекови права Декларација на ОН за сексуална ориентација и родов идентитет

Наводи

Категорија:Економски и социјален совет на Обединетите нации Категорија:Историја на човековите права