Alyssum desertorum — вид цветно растение од семејството Brassicaceae. Потекнува од Европа, Северна Африка и Азија, а се среќава и во делови од западна Северна Америка како плевел. Опис и распространетост Претставува влакнесто едногодишно растение со вертикални стебла високи до 20 см. Листовите се линеарни до копјесто-линеарни по форма, долги 0,5-4 мм и широки 0,3-3 мм. Целото растение е покриено со 8-20 зрачни ѕвездести трихоми, што му дава на растението сивкаст изглед. Цветовите се мали и жолтеникави со ливчиња долги 2-2,5 мм и тркалезни, засечени плодови долги 2,5-4,5 мм. Цветните дршки се долги 1–1,5 мм, малку странично распоредени и покриени со нежни влакна со долги зраци. Подолгите прашници имаат поширока основа, а покусите носат двозаба лушпа. Кафеавите семиња се крилести, распоредени по две на локула и се долги околу 1,5 мм.
Расте на суви тревни и каменливи места, меѓи и напуштени ниви, до 1.400 м надморска височина. Многу често растение. Забележано е во околината на Скопје, Куманово, Кратово, Пробиштип, Штип, Кочани, Делчево, Радовиш, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Неготино, Валандово, Гевгелија, Дојран, како и на Осогово, Скопска Црна Гора, Огражден и во клисурите на Треска, Пчиња, Тополка, Жеден и Демир Капија. Галерија
Наводи
Надворешни врски Jepson Manual Treatment USDA Plants Profile
Категорија:Игловрв Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија