Блез Паскал (; - ) — француски математичар, физичар, пронаоѓач, филозоф и писател католик. Бил чудо од дете и покажувал натпросечни способности. Го образувал неговиот татко кој бил собирач на данок во Руан. Со својата генијалност во раните години ги вчудовидeл и најголемите научници во тоа време. Дал значајни придонеси за конструкцијата на механичките пресметувачи и за науката за флуидите.
Пред сè бил математичар. Помогнал да се создадат две нови полиња за истражување. На возраст од само шеснаесет години го напишал неговото прво дело за конусните пресеци со што се смета за еден од основоположниците на проективната геометрија. Заедно со Пјер д'Фермá од 1654 работел на полето на теоријата на веројатност, со што извршиле огромно влијание врз развојот на модерната економија и социјалните науки.
Како и неговиот современик Рене Декарт работел и во применетите науки. Често пишувал во одбрана на научниот метод и добил неколку контроверзни резултати. Во 1642 година, уште како тинејџер започнал со конструкција на математички пресметувачи (калкулатори). После три години напор и 50 прототипа(fr) La Machine d’arithmétique, Blaise Pascal, Wikisource измислил механички калкулатор. Тој направил 20 вакви машини (наречени Паскалини) во следните десет години. Со тоа се смета како еден од првите двајца пронаоѓачи на механичките пресметувачи. Напишал многу студии за флуидите и ги разјаснил концептите за притисок и вакуум,обопштувајќи ја работата на Евангелиста Торичели.
Во 1646, заедно со сестра му Жаклина се приклучиле на едно верско движење во рамки на католицизмот познато како Јансенизам. Татко му починал во 1651 год. После едно свое мистично искуство, при крајот на 1654 година, ги напуштил математиката и физиката и се посветил на пишување во областа на филозофијата и теологијата. Неговите две најпознати дела „Провинциски писма“ и „Мисли“ датираат од овој период. Првото е поставено насреде конфликтот помеѓу Јансенистите и Језуитите. Во второто се содржи опкладата на Паскал, во оригиналот „Дискусија за машината“, фидеистички пробабилистички аргумент за постоењето на Господ.
Таа година напишал и важен трактат за аритметичкиот (Паскаловиот) триаголник. Меѓу 1658 и 1659 година пишувал труд за циклоидата и нејзината примена во пресметувањето на волуменот на цврстите тела.
Во текот на целиот негов краток живот Паскал имал нежно здравје особено после неговата осумнаесетта година. Починал многу млад, само два месеца после неговиот 39-ти роденден.Hald, Anders A History of Probability and Statistics and Its Applications before 1750, (Wiley Publications, 1990) pp.44
Животопис Детство и образование 250px|десно|thumb|Паскал го проучува циклоидот, скулптура од Огистен Пажу, 1785, Лувр
Паскал се родил во градот Клермон (денешен Клермон Феран), во регионот Оверњ, покрај Централниот Масив во Франција. Мајка си, Антоанета Бегон, ја изгубил на тригодишна возраст.Devlin, Keith, The Unfinished Game: Pascal, Fermat, and the Seventeenth-Century Letter that Made the World Modern, Basic Books; 1 edition (2008), ISBN 978-0-465-00910-7, p. 20. Татко му Етјен Паскал (1588-1651) бил локален судија и член на ситното благородништво, кој исто така имал интерест за науката и математиката. Паскал имал две сестри: помладата Жаклина и постарата Жилберта.
Во 1631 година, кратко после смртта на неговата жена, Етjен Паскал со своите деца се преселил во Париз. Етјен, кој никогаш не се преженил, одлучил сам да ги образува своите деца, затоа што сите имале натпросечна интелегинеција, а особено Паскал. Младиот Паскал покажувал голем интерес за науката и математиката. Еден ден, Етјен го видел Паскал (кој тогаш имал 12 години) како пишува независен доказ за збирот на аглите од триаголникот. Оттогаш на момчето му било дозволено да го чита Евклид и, што е најважно, му било дозволено да присуствува на еден од најголемите собири за математичари и научници во Европа. Според кажувањето на неговата сестра Жилберта, малиот Блез самостојно извел дури 32 Евклидови постулати, повлекувајќи со јаглен геометриски фигури на подот додека си играл.Волтер, Изабрана дела (књига прва). Просвета, Београд, 1949, стр. 203.
лево|thumb|Ран Паскалин прикажан во одделот Уметности и занаети во Музејот Лувр, Париз. Интерес кај Паскал во тој период побудила работата на Дезарг на конусните пресеци. Следејќи ја Дезарговата мисла, шеснаесетгодишниот Паскал успеал да докаже со еден кус трактат кој бил наречен "Мистичен хексаграм", Есеј за конусите ( "Essai pour les coniques") и своето прво посериозно дело од областа на математиката му го испратил на отецот Марсен во Париз; тоа тврдење денес е познато под името Паскалова теорема. Во него се тврди дека ако шестаголник е впишан во кружница (или коник) тогаш трите пресеци на паровите спротивни страни лежат на една права (наречена Паскалова права).
Во Франција во тоа време позициите можеле да се купуваат и да се продаваат. Во 1631 г. Етјен ја продал својата позиција како втор претседател на Судот за помош (Cour des Aides) за 65,665 ливри.Connor, James A., Pascal's Wager(HarperCollins, NY, 2006)p.42 Парите биле инвестирани за тој и неговите деца да живеат, ако не луксузен, тогаш комфорен живот и за да му овозможи на Паскал и семејството да живеат во Париз. Сепак, заради желбата да ја продолжи Триесетгодишна војна, кардиналот Ришелје ја обезвреднил француската валута и имотот на семејството Паскал се намалил од скоро 66000 ливри на помалку од 7300 ливри. Така, Етјен, како и многу други, поради своето противење на даночната политика на кардиналот Ришелје, бил принуден да го напушти Париз. Своите три деца ги оставил под грижа на нивната сосетка Мадам Сенкто, која била мошне убава, но со озлогласено минато. Таа држела еден од најпознатите интелектуални салони во Франција. Жаклина извршувајќи влијание кај Ришелје успеала во намерата Етјен да биде помилуван. Со текот на времето Етјен се смирил со кардиналот, а во 1639 бил назначен за комесар на кралот за даноци во градот Руан - град чија даночна евиденција, поради востанијата, била во голем хаос.
Во 1642 година, во обид да му ги олесни бескрајните исцрпувачки пресметки на даноците кои ги правел неговиот татко, Паскал, на деветнаесет години, направил механички калкулатор кој можел да собира и одзема. Оваа направа била наречена Паскалов сметач, односно Паскалин. Во делот Уметности и Занаети во Лувр во Париз и во музејот Цвингер во Дрезден, Германија изложени се два од неговите оригинални механички сметачи. Иако овие машини се претходници на компјутерите, калкулаторот на Паскал не успеал да доживее голем комерцијален успех. Поради тоа што бил исклучително скап, Паскалинот бил нешто повеќе од играчка, и на некој начин, статусен симбол за најбогатите во Франција и низ Европа. Сепак, Паскал продолжил да прави подобрувања на неговиот дизајн во тек на следната деценија и направил вкупно дваесет такви машини.
Последните години и смртта
thumb|right|Епитафот на Блез Паскал во Црква Сент-Етјен-ди-Мон, 5-ти арондисман во Париз
Томас Стерн Елиот го опишува Паскал во тој период на животот како „монденски човек меѓу аскетите и аскета меѓу светските луѓе“. Стилот на аскетски живот потекнувал од неговата вера и од она што било нормално и природно за некој човек кој страдал од болки. Во последните години измачуван од лошото здравје, тој ги отфрлал советите на лекарите велејќи: „Болеста е природна состојба на оној што е христијанин.“
Во 1659 година, Паскал се разболел посериозно.
Луј XIV го забранил јансенистичкото движење од Порт-Ројал во 1661 година. Како одговор, Паскал го напишал едно од неговите последни дела, Écrit sur la signature du formulaire, каде им предлага на јансенистите да не го потпишуваат. Подоцна во текот на истата година, сестра му Жаклина починала, што го натерало Паскал да престане да полемизира во врска со јансенизмот.
Благодарение на неговите познавања по хидростатика, тој учествувал во сушењето на мочуриштата во Поату, на барање на војводата де Роанез со кого ја застапувал идејата за конкретна акција: првата линија за „јавен транспорт“, за патниците во Париз со „кочии за пет сола“ опремени со повеќе седишта.
Во 1662 година, болеста на Паскал станала пожестока. Свесен за фактот дека мали му се шансите да преживее, размислувал да најде болница за неизлечиви болести. Во Париз, на 17 август 1662 година, Паскал добил конвулзии, а утрото на 19 август починал. Неговите последни зборови биле „Бог никогаш да не ме напушти“. Бил закопан во црквата Сент-Етјен-де-Мон.
Аутопсијата после неговата смрт открила дека тој имал тешки абдоминални и стомачни проблеми, како и оштетувања на мозокот. И покрај таа аутопсија, точната причина за неговото нарушено здравје не е позната.
Имало шпекулации во врска со туберкулоза или рак на желудникот или комбинација на двете. За главоболките на Паскал се смета дека причина се оштетувањата во мозокот. Професори од Медицинскиот факултет во Руан, во 70-тите години на XX век воспоставиле дијагноза на „хронична бубрежна инсуфициенција“, а мозочните оштетувања според нив биле резултат на тромбоза. Според нив, Паскал бил болен од „некоја генетска болест… [чии] клинички слики се во доменот на ангиопластичните вродени дистрофии“« Blaise Pascal à Rouen. Le Jansénisme normand. La maladie et la mort de Pascal : hypothèses nouvelles », in Bulletin Historique et Scientifique de l'Auvergne, Tome LXXXIX, n°658, juillet 1978, pp.141-158 ; et Médecine et Hygiène, n°1717, 30 septembre 1987..
Придонеси во математиката
thumb|Паскалов триаголник. Секој број е збир на двата директно поставени над него. Триаголникот покажува многу математички својства освен што покажува биномни коефициенти.
Паскал извршил големо влијание врз математиката. Неговиот „Трактат за аритметичкиот триаголник“ (Traité du triangle arithmétique) од 1653 година опишал табеларно претставување на биномните коефициенти и тој денес се нарекува Паскалов триаголник. Триаголникот, исто така, може да биде претставен и со табела: 0123456 0 1 1 1 11111 1 2 3 4 5 6 2 1 3 6 10 15 3 14 10 20 4 15 15 5 16 6 1 Тој ги дефинирал броевите во триаголникот преку рекурзија: Бројот во (m+1)-та редица и (n+1)-та колона се означува со . Важи
, за и Крајните услови се , за и , . Паскал завршува со доказот,
Во 1654 година, поттикнат од пријател заинтересиран за проблеми со коцкањето, тој се допишувал со Пјер де Ферма во врска со таа тема и од таа соработка се изродила математичката теорија на веројатноста. Пријателот бил Шевалје де Мере, а специфичниот проблем бил за тоа да се определи колкава е веројатноста за победа, ако два играча кои сакаат играта да ја завршат порано и, согласно тековните околности на играта, сакаат да го поделат влогот подеднакво. Од таа дискусија бил воведен поимот очекувана вредност, а Паскал подоцна (во делото Мисли) го користел аргументот на веројатноста, Паскаловиот облог, за да го оправда верувањето во Бог и во доблесниот живот. Работата на Ферма и Паскал во пресметувањата на веројатноста била подлога за Лајбницовата формулација за инфинитезимално сметање.
По религиозното искуство во 1654 година, Паскал во голема мера се откажал од работата на полето на математиката.
Филозофија на математиката Аксиоматика thumb|десно|Портрет на Паскал Најголемиот придонес на Паскал за филозофијата на математиката било делото „За геометрискиот дух“ (De l’Esprit géométrique), првобитно напишано како предговор на учебникот „Елементи на геометријата“ за славните Мали училишта од Порт Ројал, на барање на Арнолд. Ова дело било објавено еден век по неговата смрт. Паскал во него ги истражувал можностите за откривање на вистината, тврдејќи дека идеален метод за тоа би било врз основа на искази чија вистинитост е претходно воспоставена. Сепак, тој тврдел дека тоа е невозможно бидејќи едни вистини требало да се потпираат на други вистини, а најпрвите вистини е невозможно да се достигнат. Од оваа гледна точка, Паскал тврдел дека постапката користена во геометријата со принципи покажани, но не и докажани со други искази кои би можеле да се развијат од нив, е најсовршена за тоа.