Вилијам Џервејс Кларенс-Смит — професор по економска историја на Азија и Африка на Факултет за ориентални студии, Лондонски универзитет. Тој магистрирал на Кембриџ, дипломирал политика при Париски универзитет и докторирал на Лондонскиот универзитет.
Кларенс-Смит е уредник на „Journal of Global History“, објавен од Кембиџ универзити прес. Тој е соработник на Светскиот центар за Индискиот Океан. Тој е член на Лондонскиот институт за Блискиот Исток, Центарот за ирански студии, Центарот за палестински студии и Центарот за родови студии при Универзитетот во Лондон.
Кларенс-Смит е познат по своите истражувања во две области. Едната област е историјата на економските стоки, а другата е историјата на религијата, ропството и родовите норми, особено во Африка и Југоисточна Азија. Тој е член на Кралското азиско друштво и Кралското историско друштво.
Публикации Некои од неговите публикации вклучуваат:
Економијата на трговијата со робови во Индискиот Океан во деветнаесеттиот век;For peer reviews see:;Review: Indian Ocean Slave Trade: The Economics of the Indian Ocean Slave Trade in the Nineteenth Century by W. G. Clarence-Smith Reviewed by: Patrick Manning, The Journal of African History, Vol. 32, No. 1 (1991), pp. 153–155. Економијата на трговијата со робови во Индискиот Океан и Црвеното Море во 19 век: Преглед; Какао и чоколадо 1765–1914 (2000, Рутлиџ); Глобалната економија на кафе во Африка, Азија и Латинска Америка, 1500–1989 (2003, уредено со С. Топик, Кембиџ универзити прес); Исламот и укинување на ропството (2003, Херст и ко.); Сексуална разновидност во Азија, околу 600–1950 (2012, уредено со Ракел А.Г. Рејес, Рутлиџ); Женско обрежување во Југоисточна Азија од доаѓањето на исламот; Третата Португалска Империја, 1825–1975
Наводи
Надворешни врски
Професор Вилијам Гервејс Кларенс-Смит во Факултетот за ориентални студии
Категорија:Историја на робовите Категорија:Историчари за колонизмот Категорија:Историја на човековите права