Форумот за четврта слобода — непартиска, непрофитна оперативна фондација која се стреми да обезбеди дискусија, развој и ширење на идеи фокусирани на решенија за глобалните безбедносни закани.
Нејзиниот примарен фокус е употребата на економски стимулации и целни санкции за воспоставување владеење на правото, обезбедување сигурен и хуман систем на спроведување и промовирање на меѓународната соработка за напредок на цивилизираното општество.
Форумот бил основан во 1982 година од Хауард С. Брембек за да ја унапреди идејата дека економската моќ, а не воената сила владее со светот.
Позадина Името на организацијата доаѓа од годишната порака на претседателот Френклин Д. Рузвелт до Конгресот од 1941 година, кога ја изложил својата визија за Четири слободи, односно четирите основни слободи што ги заслужувале сите луѓе:
слобода на говор, слобода на вероисповед, слобода од немаштија, слобода од страв
Програми Откако Форумот бил основан пред речиси 40 години, тој ја заработил довербата на владите, меѓународните организации и експертите ширум светот за истражувања и совети релевантни за политиките, како и за иновативна работа за поттикнување на регионалната соработка околу заедничките безбедносни цели.
Форумот дизајнирал и имплементирал програми на 5 континенти кои создале партнерства за да им помогнат на владите и организациите на граѓанското општество ефикасно да се справат со најитните глобални безбедносни закани.
Форумот го воспоставил и воедно обезбедил основна поддршка на Глобалниот центар за соработка и сега напредува како независна организација.
Форумот, исто така, продолжува да работи на меѓународни безбедносни прашања, вклучувајќи неширење оружје, санкции и стимулации и спречување на насилен екстремизам.
Форумот формирал партнерство со Институтот Крок за меѓународни мировни студии на Универзитетот Нотр Дам за создавање на Програмата за истражување на санкциите и безбедноста, која одиграла клучна улога на меѓународно ниво, препорачувајќи премин од општи трговски санкции што можеле да му наштетат на цивилното население кон употреба на поцелни мерки или таканаречени паметни санкции кои денес се користат со зголемена фреквенција и софистицираност од страна на САД, како и од ОН, Европската унија и Африканската унија.
Форумот, исто така, постојано се фокусирал на заштита на националната безбедност без употреба на оружје за масовно уништување.
Форумот соработува со високи воени офицери и други експерти за да стимулира дискусии во локалните заедници низ целата земја и ангажира лидери на заедниците, експерти за политика и екуменски групи за да ги охрабри САД и другите влади да ја намалат зависноста од нуклеарно оружје.http://www.domlife.org/Justice/Disarmament/tool_kit.pdf
Тие објавувале статии, извештаи и книги во кои се проценуваат опасностите што ги претставувало нуклеарното оружје и нуделе практични предлози за намалување или елиминирање на овие опасности.
Наводи
Категорија:Четири слободи Категорија:Непрофитни организации со седиште во Индијана Категорија:Тинк-тенкови за надворешна политика и стратегија во Соединетите Американски Држави Категорија:Тинк-тенкови основани во 1982 година Категорија:Организации основани во 1982 година