Михаил Апанасавич Маринич (13 јануари 1940 - 17 октомври 2014) бил белоруски дипломат, политичар и продемократски активист. Градоначалник на градот Минск, министер за надворешни економски работи и амбасадор. Тој бил и инспиративен водач на Зубр, движење на младинскиот отпор.

Во 2001 година, Маринич поднел оставка од функцијата амбасадор на Белорусија во Латвија, а исто така дал и јавна изјава против политичкиот режим во Белорусија и се кандидирал за претседател. Тој бил меѓу првите јавни службеници во Белорусија кои поднеле оставка и започнале политичка борба против Александар Лукашенко. Таквиот чекор се сметал за голем ризик со оглед на тоа што голем број противници на Лукашенко исчезнале или биле убиени кон крајот на 1990-тите.

По изборите, Маринич ја основал невладината организација „Бизнис иницијатива“ и станал еден од лидерите на опозицијата кој имала огромна поддршка и почит од неговите поранешни колеги, деловната заедница и политичката опозиција.

На почетокот на 2004 година, Маринич бил уапсен поради неговите политички убедувања. Тој поминал 8 месеци во затвор пред судењето. Во тоа време, режимот се обидувал да смисли причина за кривична постапка. На 30 декември 2004 година, Маринич бил обвинет и затворен под сомнителни обвиненија за кражба на компјутери од невладина организација, чиј директор и самиот бил. Компјутерите ѝ припаѓале на амбасадата на САД, а Министерството на САД издал соопштение во кое се велело дека немаат никакви побарувања против Маринич. Соединетите Американски Држави ја осудиле оваа злоупотреба и претходните злоупотреби на судскиот систем од страна на режимот на Лукашенко за прогонување на белоруските граѓани поради нивните политички убедувања.

На Маринич му била изречена петгодишна казна затвор. Во март 2005 година, во затворот Орша, доживеал мозочен удар. Мозочниот удар бил предизвикан од затворската администрација кога на Маринич му бил одбиен пристап до лекови по многу тежок транспорт во негреени вагони од Минск до Орша. Му било кажано, заедно со другите затвореници, да остане на колена на перонот на возот. Дури и по мозочниот удар, Маринич не бил ослободен од затвор. Под зголемен домашен и меѓународен притисок, тој бил ослободен од затвор една година подоцна, на 14 април 2006 година, кратко откако Лукашенко го започнал својот контроверзен трет мандат.

Во 2006 година, Амнести Интернешнал изјавиле дека го сметаат за затвореник на совеста.

Во 2010 година, Комитетот за човекови права на ОН утврдлеи дека во случајот на Маринич, Белорусија ги прекршила членовите 7, 9, 10, став 1 и 14, став 1 и 2 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Маринич починал на 17 октомври 2014 година, на 74-годишна возраст.

Маринич зад себе оставил три сина, Игор, Павел и Михаил. Првата сопруга на Маринич се викала Људмила. Неговата вдовица Татјана Маринич била и мајка на нивниот син Михаил.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Статија од BBC News Ставови на Комитетот за човекови права во случајот Маринич (sic) против Белорусија

Категорија:Починати во 2014 година Категорија:Родени во 1940 година Категорија:Статии со текст на руски Категорија:Статии со текст на белоруски Категорија:Историја на човековите права