Хосе Луис Родригес Франсис (роден на 19 јуни 1998, во Панама), попознат како Пума — панамски фудбалер, на Хуарес и на панамската репрезентација.

Биогарфија Родригес пораснал во Ел Чориљо, Панама Сити и е брат на поранешниот капитен на Чориљо, Маркос Виљареал.

Клупска кариера Родригез играл за родниот клуб Чориљо во неговата младост. Во сезоната 2015-2016, тој го направил своето деби во панамското првенство на 17 јули 2015 година, на возраст од 17 години, во поразот со 1-0 на гости против Атлетико Чирики. Неговиот прв и единствен гол во сезоната го постигнал на 2 април 2016 година, во победата од 3–2 на гости против Алијанца, и тоа бил победничкиот гол за Чориљо во натпреварот во 90-тата минута. Во 2016 година, Родригес се преселил во белгискиот клуб Гент на позајмица со опција за откуп. На 9 декември 2016 година, Гент го откупил Родригес, но тој останал да игра во вториот тим и никогаш не дебитирал со сениорската екипа.

Во септември 2018 година, тој потпишал за хрватскиот клуб Истра 1961. Своето деби во хрватскиот фудбал го имал во првенствениот натпревар на домашен терен против загубен со 2-4, во кој постигнал и гол. После само една полусезона со Истра, во која играл редовно, Родригес потпишал за Депортиво Алавес на 1 февруари 2019.Tomás Oneto y José Luis Rodríguez reforzarán al MiniGlorias , deportivoalaves.com, 1 February 2019 Иако таму играл претежно за вториот тим, на 10 јули 2020 година, го направил своето деби со првиот тим во Примера Дивисион, заменувајќи го Хоселу во поразот со 2-0 на гостувањето кај .

На 4 септември 2020 година, Родригес го обнови договорот со Алавес до 2022 година, по што заминал на позајмица во тимот од Сегунда Дивисион, Луго. Во сезоната 2020-2021, Родригес одиграл 26 натпревари и постигнал 5 гола во првенството за Луго, а потоа бил позајмен на Спортинг Хихон во истата лига за сезоната 2021-2022, каде одиграл 35 натпревари и постигнал 3 гола.

На 15 август 2022 година, Родригес потпишал четиригодишен договор со португалскиот клуб Фамаликао. На 2 октомври 2022, тој го постигнал првиот гол за клубот во победата со 4-0 над Боавишта. По првата сезона, во која одиграл малку натпревари поради повреда на лигаментите на коленото, во втората сезона одиграл 23 натпревари и постигнал гол во победата со 2-0 на домашен терен над Бенфика.

На 21 јуни 2024 година, Родригес потпишал тригодишен договор со Црвена Ѕвезда. Сепак, после само неколку месеци, тој го напуштил клубот и се преселил на позајмица во Хуарес.

Репрезентативна кариера Родригез бил повикан во репрезентацијата на Панама под 17 години во 2014 година, постигнувајќи гол на 3 март 2015 година против Хаити на КОНКАКАФ првенството под 17 години 2015.

На 14 мај 2018 година, Родригес бил вклучен во прелиминарниот состав на Панама за Светското првенство 2018, првото Светско првенство во историјата на земјата. Во меѓувреме, тој го имал своето сениорско деби на 29 мај 2018 година, во ремито 0–0 во пријателски натпревар против Северна Ирска. Следниот ден, бил вклучен во конечниот состав на Панама од 23 играчи за Мундијалот.

Родригес го имал своето деби на Светското првенство во Русија, во првиот натпревар на Панама на 18 јуни 2018 година во поразот со 3-0 од Белгија, започнувајќи го натпреварот пред да биде заменет од Исмаел Дијас во 63-тата минута. Тој играл и во другите два натпревари на Панама од групната фаза, после која репрезентацијата била елиминирана забележувајќи три порази.

Потоа, тој настапил на две изданија на КОНКАКАФ Голд купот во 2019 и 2021 година, постигнувајќи ги своите први голови (два) во дресот со државниот грб на вториот турнир во победата со 3-1 над Гренада во групната фаза. Во 2024 година, настапувал на Копа Америка, а следната година го имал своето трето учество на КОНКАКАФ Голд купот.

Хронологија на репрезентативните настапи

Наводи

Надворешни врски

Хосе Луис Родригес на soccerway Хосе Луис Родригес на transfermarkt Хосе Луис Родригес на espn Хосе Луис Родригес на whoscored

Категорија:Панамски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Гент Категорија:Фудбалери на НК Истра Категорија:Фудбалери на ФК Алавес Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Хихон Категорија:Фудбалери на ФК Фамаликао Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико) Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026