Студена војна — период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, соперништвото помеѓу двете велесили се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и јадрени воени потенцијали, и многу посредни војни.
Иако никогаш не дошло до непосреден воен судир меѓу двете велесили САД и СССР, во текот на половина век постојано се зголемувале воените сили и политичките борби за поддршка ширум светот, при што и обете страни настојувале да ја обезбедат поддршката од останатите земји. Војната се нарекува „студена“ поради отсуството на вакви непосредни судири, колку и поради „заладеноста“ на односите помеѓу земјите во блоковите. Така во еден период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете велесили. Неколкупати доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна: Блокадата на Берлин во (1948-49.), Корејската војна (1950-53.), Виетнамската војна (1959-75.), Кубанската криза со јадрени проектили (1962.) и Советско-Авганистанската војна (1979-89.).
Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите Михаил Горбачов од СССР и Роналд Реган од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на непријателствата.
Почетоци на Студената војна thumb|right|300px|Блоковската поделеност на светот во текот на Студената војна.
Иако повеќето историчари сметаат дека Студената војна започнала по Втората светска војна, нејзините корени веројатно се наоѓаат во непријателствата помеѓу Советскиот Сојуз и Западот кои започнале уште од времето на Првата светска војна, во текот на Октомвриската револуција кога СССР се појавиле како голема комунистичка сила. Идеолошкиот судир помеѓу капитализмот и комунизмот започнал уште тогаш, бидејќи САД ја поддржувале царската опција во Русија, не се согласувале со истапувањето на Русија од војната преку мировниот договор со Германија, и не го признавале СССР до 1933.John Lewis Gaddis, Russia, the Soviet Union, and the United States An Interpretive History''. 1990, p. 57Fred Halliday, "Cold War" The Oxford Companion to the Politics of the World, 2e. Joel Krieger, ed. Oxford University Press Inc. 2001.Walter LaFeber, "Cold War." A Reader's Companion to American History, Eric Foner and John A. Garrraty, eds. Houghton Mifflin Company, 1991.
Во текот на Втората светска војна, Советите длабоко се сомневале дека Англо-Американците оставиле на нив да го носат најголемиот товар на војната и да се вклучат само на крајот за да влијаат на мировните договори, и поради тоа ја одложувале инвазијата на Нормандија.Gaddis 1990, pp. 151-153 Без оглед дали тоа било вистина, меѓусебната недоверба довела до силни струења на тензија и непријателство помеѓу сојузничките сили.
Постоело и силно несогласување помеѓу сојузниците како треба да изгледа Европа по војната. Постоеле и несогласувања околу тоа како да се воспостават заеднички системи за безбедност по војната. Американските водачи сметале дека доколку се воспостават влади и пазари по примерот на САД, земјите ќе можат да ги решаваат споровите преку меѓународните организации, додека советските водачи сметале дека безбедноста е поврзана со контрола на просторот. Ова второво делумно било резултат на бројните напади на терироријата СССР во последните 150 години.Gaddis 1990, p. 156Gaddis 1990, p. 176Id.
right|180px|thumb|Винстон Черчил, Франклин Делано Рузвелт и Јосиф Висарионович Сталин (седат, од лево на десно) на конференцијата во Јалта, СССР, 1945. На Конференцијата на Јалта во февруари 1945, сојузниците се обиделе да договорат рамка за повоената безбедност, без да постигнат цврст договор. Со крајот на војната, исходот бил дека САД делотворно ја имале освоено Западна Европа, додека СССР - Источна. Во окупираната Германија биле воспоставени окупациони зони.
На Конференцијата во Потсдам во јули 1945 се појавиле сериозни разлики околу идниот развој на Германија и Источна Европа.Peter Byrd, "Cold War" The Concise Oxford Dictionary of Politics. Ed. Iain McLean and Alistair McMillan. Oxford University Press, 2003. Труман го информирал Сталин дека САД поседуваат силна бомба каква што до тогаш никогаш не постоела ниту била употребена. Труман не му кажал на Сталин дека станува збор за атомска бомба. Сталин на ова реагирал со смирен тон како да станува збор за само уште едно најобично смртоносно оружје со тоа што рекол дека му е мило за постоењето на таа бомба и се надева дека САД ќе ја искористат, по што Труман им рекол на своите советници дека Сталин се однесувал како да не го разбрал.
Една недела по ова, атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки довеле до понатамошен конфликт помеѓу СССР и САД. Кратко по бомбардирањата, Сталин протестирал до американците дека им понудиле мало влијание во Јапонија.LaFeber 2002, p. 28 По ова Труман и неговиот кабинет дознале дека советските разузнавачки служби одамна имале уфрлено свои шпиони во американската воена индустрија, во американскиот воен врв, односно во самиот Пентагон по што станало јасно дека Сталин многу поодамна знаел за атомската бомба уште пред Труман да му каже. Гневот од недовербата помеѓу Сојузниците и брзото јадрено вооружување на Советскиот Сојуз благодарејќи на информациите до коишто дошла советската воена индустрија и советскиот воен врв преку шпионите поставени во САД од страна на советските разузнавачки служби се сметаат како главен повод за почетокот на Студената војна.
Во 1946 Черчил говорел за железната завеса која се спушта помеѓу Западот и Истокот, и повикал на Англо-Американски сојуз против Советите:David F. Schmitz, "Cold War (1945–91): Causes" The Oxford Companion to American Military History. John Whiteclay Chambers II, ed., Oxford University Press 1999.
Черчил исто така се смета како еден од првичните иницијатори на Студената војна, особено бидејќи тој прв го употребил изразот "студена војна", а исто така и бил гневен на САД, особено на претседателот Франклин Делано Рузвелт, бидејќи Рузвелт се трудел да организира тајни состаноци со Сталин иако до тие состаноци никогаш не дошло. Черчил постојано му говорел на Рузвелт дека по Втората светска војна, Сталин и Советскиот Сојуз ќе имаат најголема добивка во Европа поради големите успеси на Црвената Армија, но Рузвелт му велел дека залудно "бара непријатели таму каде што ги нема". Ова се смета и како еден од основните мотиви поради коишто Черчил во 1946 ги применил изразите "железна завеса" и "студена војна".
1947-1953 thumb|right|180px|Воените сили во Европа. Во повоениот период, обете велесили настојувале да заземат што е можно подобри позиции преку помагањето и создавањето сојузи со држави во Европа, Азија и Африка.
Во 1947 САД направиле реорганизација на одбранбениот систем: било формирано Министерството за одбрана, Централната Разузнавачка Агенција (ЦИА) и Националниот Совет за Безбедност. Овие три тела подоцна го понеле главниот товар во Студената војна.
На повоена Европа и' била потребна голема помош за обновата, и САД и СССР се натпреварувале да ги придобијат разурнатите земји. САД решиле дека и покрај военото непријателство, мораат да и' помогнат на разурнатата Германија, бидејќи таа била важен индустриски фактор околу кој се вртела економијата на поголемиот дел од ЕвропаRay Salvatore Jennings "The Road Ahead: Lessons in Nation Building from Japan, Germany, and Afghanistan for Postwar Iraq May 2003, Peaceworks No. 49 pg.15. САД го развиле и тнр. Маршалов план како механизам за економска помош. Советите пак, го формирале КОМЕКОН - советот за меѓусебна економска помош.
Покрај тоа, САД финансиски ги помогнале демократските сили во Италија на изборите во 1948 за да ја победат силната Комунистичка партија на Италија. Исто така, финансиски, со 400 милиони долари, ги помогнале и Грчките ројалисти во Граѓанската војна во Грција во борбата против комунистите, кои пак ги поддржувала Титова Југославија (Ројалистите ова го искористиле за да извршат геноцид врз Македонците кои биле на страната на комунистите и протерале стотици илјади Македонци од Егејска Македонија). Со помагањето на Грција, САД направиле преседан со кој и подоцна помагале анти-комунистички режими, без оглед колку тие биле репресивни и корумпирани.
Во 1949 Советите извршиле јадрена проба, и станале рамноправна воена сила со САД во поглед на јадреното вооружување.
СССР склучиле сојуз со Народна Република Кина, веднаш откако во 1949 на власт дошле комунистите кои го победиле Куоминтангот помаган од САД.
Во 1949 САД и нивните сојузници го формирале воениот сојуз НАТО. Окупационите зони на Франција, Британија и САД во Германија биле обединети во Западна Германија. За возврат, Советите својата окупациона зона ја формирале како држава - Германска Демократска Република.
САД склучиле сојуз со Јапонија во 1950, и договориле поставување на бројни воени бази на подолг период во Тихиот Океан и во Јапонија.
Во 1950 започнала Корејската војна во која Кина и СССР го помагале Северот, а САД истовариле војници кои го помагале Југот. Војната завршила во 1953 со поделба на територијата на Кореја која трае до денес.
1953-1962
Во 1953. во САД дошло до смена на власта по изборот на Ајзенхауер за претседател. Истата година, Сталин умрел и за премиер на СССР бил избран Никита Хрушчов. Со тоа некои од доктрините на Студената војна се промениле, но тензиите и понатаму останале.
Во САД, сенаторот Џозеф МекКарти водел вистински лов на вештерки против осомничените комунисти на високи позиции во САД.
Како противтежа на НАТО, Советите и нивните сојузници го формирале Варшавскиот пакт во 1955.
Во текот на 1950-тите голем број поранешни колонии на империјалните сили од Европа (главно Британија, Франција и Холандија) започнале движења за независност, откако нивните колонизатори поради последиците од војната повеќе не биле во можност да ги контролираат. И САД и СССР со најразлични средства настојувале да ги искористат овие движења и да ги насочат кон капитализам односно комунизам, како нпр. во Иран, Гватемала, Индокина и Филипините.Eric Hobsbawm, The Age of Extremes: A History of the World, 1914-1991. Vintage Books, 1991 Националистите во многу пост-колонијални земји биле непријателски настроени кон Западот, поради долгогодишното колонијално ропство.Hobsbawm 1991, p. 227
Како резултат на притисокот од велесилите, многу земји од Јужна Америка, Азија и Африка решиле да останат надвор од блоковската поделеност. Со конференциите во Бандунг во 1955. и во Белград во 1961. го формирале Движењето на неврзаните. И Југославија била еден од основачите на Движењето, а претседателот Тито бил првиот Генерален секретар на Движењето.
Во 1956. рамнотежата помеѓу блоковите ја нарушила Унгарија кога таму избило демократско движење за истапување од источниот блок, кое било брзо задушено од останатите членки на Варшавскиот пакт со воена интервенција.
Во 1957. СССР го лансирале Спутник - првиот вештачки сателит околу Земјата, и со тоа започнала трката за превласт во вселената.
Во 1961. бил подигнат Берлинскиот ѕид, со кој комунистите сакале да го спречат пребегнувањето на источните Германци во Западен Берлин.