Hypericum hirsutum — вид повеќегодишно тревесто растение кое припаѓа на родот Hypericum и семејството кантариони (Hypericaceae). Се среќава во Западна Европа.

Опис и распространетост Hypericum hirsutum е високо до 100 см, целосно покриено со кратки и густи влакненца. Стеблото е исправено, цилиндрично, со долги грубести влакна, без разгранувања или со кратки гранчиња во пазувите на листовите. Листовите се долгнавести до елиптични или копјести, со кратки дршки, основата широко-клиновидна, врвот тап, со густи кратки влакненца; рабовите трепавичести, со многу прозрачни точкести жлезди; горната страна е темнозелена, а долната светлосиво-зелена. Цветовите се собрани во пирамидално или цилиндрично соцветие. Брактиите се копјести, со црни жлезди на дршки. Чашкините ливчиња се долгнавести-копјести или копјести, долги 4-5 мм, рабовите со црни ресести жлезди, а површината со точкести или линејни прозрачни жлезди. Венечните ливчиња се долги 8-10 мм, долгнавести, јазиковидни, жолти, понекогаш со црвени жили, а на врвот имаат неколку црни жлезди. Прашниците се нешто пократки од венечните ливчиња. Плодната кутијка е јајцевидна, долга 6-8 мм, со долги тенки линејни паралелни смолни канали. Семките се светло-кафеави, цилиндрични, со тапи краеви и ситни брадавички на површината.

Се среќава во светли дабови и букови шуми или покрај нив. Познат е за клисурата на Мавровска Река, Дебар - с. Баниште, Кичево, Демир Хисар (меѓу Железнец и Големо Илино) и Кожуф - Висока Чука. Галерија

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Кантарион (род) Категорија:Кантариони Категорија:Флора на Македонија