Свети Архангел Михаил — главна селска црква во струшкото село Брчево, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самото сретсело, а до нејзе се наоѓа и црквата „Св. Варвара“, која всушност е старата селска црква. Околу црквата се сместени и селските гробишта.

Историја

Црквата била изградена во 1969 година откако старата селска црква била напуштена и до истата стара трошна црквичка била направена новата селска црква.

Архитектура

Новата црква била поголема со димензии од 12 на 6 метри.

Икони и иконостас

Во новата црква се наоѓаат икони пренесени од стариот храм, а на една икона означена е 1860 година дарувана од Стојан Маркович, предок на родот Маркоски или Мечкароски.

Четири од престолните икони во стариот храм — Света Богородица, Свети Јован Претеча, Свети Архангел Михаил и Свети Никола — биле дело на мијачкиот мајстор Јосиф Мажовски и потекнуваат од 1870 година. На иконата на Света Богородица е потпишан како: „їз рȢки Їѡсиф зȢграфъ“.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Прва струшка парохија Брчево

Наводи

Надворешни врски

Брчево