Кајнак, често членувано Кајнако (, Καϊνάκ, Καΐνιακος) — врв на планината Вич во Костурско, Егејска Македонија, висок 1.134 м.
Опис Врвот се наоѓа во најјужниот дел на Вич (Нередска Планина) и има овален облик. Од остатокот од масивот на север е одвоен со долината на Фотинишка Река, која се влева во Костурското Езеро, со која се граничи на запад. На исток и на југ се граничи со долината на Стара Река.
Историја За време на Илинденското востание летото 1903 г. на Врбица е воспоставено Горското началство на Костурскиот револуционерен реон. На 13 август отоманската војска се сместила кај Маврово и истиот ден на Кајнак се утврдиле 200 востаници на чело со Марко Иванов. Следниот ден турската војска настапила со тежок бој кај Кајнак, но морала да се откаже поради големиот отпор што го дале востаниците.
Поврзано Борби за Врбица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Вич Категорија:Суровичево (општина)