Мерцедес-Бенц 770 (Mercedes-Benz 770), наречен Großer Mercedes (Голем Мерцедес) бил луксузен автомобил од марката Мерцедес-Бенц од 1930 до 1943. Најпознат е како автомобилот на високите нацистички државници пред и за време на Втората светска војна, меѓу кои и Адолф Хитлер и Херман Геринг.
Серија I - W07 (1930-1938) thumb|right|250px|Мерцедес-Бенц 770 од 1932 (модел W07) „Grosser“ кабриолет, користен од германскиот цар Вилхелм II во прогонство Моделот 770 се појавил со интерен код W07 во 1930.Oldtimers Gallery - Mercedes-Benz 770 W07(K) Grosser. Овие автомобили главно биле владини и државни возилаRobson, G. The World's Most Powerful Cars стр. 100-101 Quintet Publishing Ltd. 1990 ISBN 1-85076-254-6.
Верзијата W07 на моделот 770 имала осумцилиндричен праволиниски мотор со работна зафатнина од 7655 cm³ со алуминиумски клипови.Ruiz, M. The History of the Automobile стр.57 Gallery Books, W.H. Smith Publishers, Inc. 1988 ISBN 0-8317-6550-X Овој мотор давал сила од 150 КС при 2800 врт./мин без компресија. Се нудел и изборен Рутсов компресор, кој се активирал при полно забрзување, и давал моќ од 200 КС при 2800 врт/мин, при што автомобилот развивал 160 км/ч. Преносот четири брзини, од кои третата била директна, а четвртата била надбрзина (овердрајв).
Серијата W07 имала современа шасија со полуелиптична амортизација на принцип на лиснати пружини врз едноделни осовини напред и назад. Димензиите се разликувале според каросеријата, но шасијата имала меѓуоскино растојание од 3750 mm и растојание меѓу тркала од 1500 mm.
Биле произведени 117 автомобили од серијата W07 .
Серија II - W150 (1938-1943) thumb|right|250px|Мерцедес-Бенц 770 (W150) Моделот 770 бил значајно променет во 1938, и со тоа интерната ознака се променила во W150.Oldtimers Gallery - Mercedes-Benz 770 W150 Grosser. Сосема новата шасија била изработена со цевки со елиптичен профил и сета амортизација била со спирални пружини, со независна амортизација напред и де Дионова оска назад.
Моторот во основа бил мошне сличен на оној кај серијата W07, но сега била дотеран до 155 КС при 3000 врт/мин без компресија и 230 КС при 3200 врт/мин со компресија. Преносот имал пет брзини со директна четврта и петта надбрзина.
Биле произведени вкупно 88 автомобили од серијата W15. Производството прекинало во 1943.
Наводи
Поврзано Голем Мерцедес
770