мини|254x254пкс|Биста на Бартоломео Бијасолето во ТрстБартоломео Бијасолето (24 април 1793 - 17 јануари 1858) — италијански фармацевт, ботаничар и фиколог.

Живот Бјасолето бил роден на 24 април 1793 година во Водњан. Во 1814 година дипломирал фармација на Виенски универзитет, а по краток период работа во Велс, отпатувал во Трст, каде што во 1817 година станал сопственик на аптеката Орсо Негро. Во 1819 година се сретнал со Давид Хајнрих Хопе, директор на Ботаничкото друштво во Регенсбург, со кого воспоставил блиско пријателство и партнерство за истражување. Во 1820 година станал член-основач на фармацевтскиот еснаф во Трст, под чие покровителство подоцна ја создал првата ботаничка градина во Трст. Во 1823 година, докторирал на Падовскиот универзитет.Treccani.it Biographical Dictionary of Italian - Volume 10 (1968) Починал на 17 јануари 1858 година во Трст.

Тој е најпознат по своите истражувања на флората пронајдена во Истра и Крањска, како и по неговите студии за морските алги. Во 1836 година, во придружбата на Фридрих Август II од Саксонија (кој имал страст за ботаника), учествувал на продолжена екскурзија во Истра, Далмација и Црна Гора, за што го објавил трактатот „Патувањето на Фридрих Август, крал на Саксонија, во Истра, Далмација и Црна Гора“ (1841).

Во 1837 година, Вилхелм Даниел Јозеф Кох, професор на Универзитетот во Ерланген-Нирнберг, го именувал родот Biasolettia (синоним Geocaryum) во негова чест.GBIF Biasolettia

Наводи

Категорија:Починати во 1858 година Категорија:Родени во 1793 година Категорија:Италијански ботаничари