Пиемонтска каменоломка () — вид цветно тревесто растение од родот каменоломка во семејството на каменоломките (Saxifragaceae).

Опис и распространетост Ова е повеќегодишно растение, кое во основата има многу збиени гранчиња што образуваат перничест облик. Цветните стебленца се високи 6-10 см, обично без листови или понекогаш со 1-2, а по површината имаат густи жлездести влакна. Листовите во основата се собрани во густи розети со многу исушени и нераспаднати листови; тие се долги 2-3 см, приседнати, од основата кон врвот дланковидно проширени и поделени на 5-7 линејно-лентовидни сегменти, кои на врвот се тапи или заострени, а од средината надолу ламината постепено преминува во долга дршка; по површината од двете страни имаат куси жлездести влакна, а по работ долги многуцветни жлездести влакна; прицветните листови на врвот се длабоко поделени на 3 линејни сегменти. Соцветието е метличесто. Цветовите се во значителен број. Чашката е долга околу 5 мм и покриена со густи жлездести влакна; чашкините ливчиња се ланцетовидни и долги 3 мм. Венечните ливчиња се бели, долги околу 10 мм, односно 2-3 пати подолги од чашкините, долгнавести и обратно-јајцевидни, кон основата постепено стеснети. Прашниците се покуси од венечните ливчиња, а филаментите се бели. Плодникот е полупотцветен, а кутијката топчеста.

Расте на силикатни почви и карпи во алпскиот и субалпскиот појас. Варијабилност Видот е поделен на следниве подвидови:

Saxifraga pedemontana cymosa - Листовите се тенки и меки. Цветните стебленца се високи до 10 см и најчесто немаат листови. Се среќава на пл. Јакупица - Салаковска Планина, Баба - Пелистер, Ниџе - Кајмакчалан. Saxifraga pedemontana pedemontana - Листовите донекаде се месести и кожести. Цветните стебленца се високи од 6 до 15 см и имаат листови по нив. Во Македонија не се среќава. Saxifraga pedemontana demnatensis Saxifraga pedemontana pedatifida Saxifraga pedemontana cervicornis Saxifraga pedemontana prostii

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Каменоломка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Планински растенија