Шарпланинска каменоломка () — вид цветно тревесто растение од родот каменоломка во семејството на каменоломките (Saxifragaceae).
Опис и распространетост Ова е повеќегодишно растение со бројни густи и збиени розети што создаваат мали перничести форми. Цветното стебло е високо 5–8 см, зелено или виолетово, покриено со густи жлездести влакна од различна должина. Листовите на розетата се сиво-зелени, ситни, лопатовидно-копјести, долги 7–8 мм и широки 2,5–3 мм, со кратко заострен врв, жлебести, понекогаш свиткани надолу или исправени; долната страна е гребенесто испакната со 13–15 хидатоди, раб хиалински, а во долната половина има мал број влакна. Листовите на стеблото се тесно копјести, со зелен врв, горната страна најчесто нема влакна или со малку жлездести, а долната страна зелена или црвеникаво-пурпурна со ретки жлездести влакна. Цветовите се групирани во штитообразно соцветие со 8–12 цвета. Чашките се копјести или триаглести, долги околу 3 мм, зелени или црвени, со жлездести влакна по целата површина и раб, завршуваат заострено. Венечните листови се бели или розови, обратно јајцевидни, со клиновидна основа, долги 5–9 мм и широки 2,5–4,5 мм. Филаментите се долги околу 6 mm, бели, розови или светловиолетови, а антерите се жолти. Плодникот е делумно потцветен. Има два столпчиња, со должина еднаква на филаментите, обоени розово-пурпурно.
Расте на варовнички карпести терени.
Варијабилност Видот е поделен на следниве подвидови: Saxifraga scardica var. scardica - Листовите се исправени, насочени нагоре или раширени. Широко распространето растение, забележано на Шар Планина, Јакупица, Даутица, Галичица, Дудица, Кожуф и Прилеп - Козјак. Saxifraga scardica var. pseudophylla - Листовите се свиткани во лак надолу. Растение забележано единствено кај клисурата на реката Треска кај Матка. Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Каменоломка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Шар Планина