Вергула Георги Кардула ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.
Животопис мини|Вергула Кардула е носител на Партизанска споменица 1941. Таа била монополска работничка. Од декември 1940 година, станала член на СКОЈ. Раководела со неколку младински групи во крушевскиот монолол. Чувала илегалци и партиски раководители. Во 1942 година била член на Месниот Комитет на СКОЈ - Крушево. Раководела со две скоевски групи и неколку младински. Во тоа време и бил доверен секторот за работа со жените. Во мај 1942 гоина учествувала во штрајкот на монополските работници и била член на штрајкувачкиот одбор заедно со Норка Ристеска и Гона Нане. Во авrуст 1942 година била уапсена и пo еден месец ослободена. Наскоро повторно била затворена и сослушувана од бугарската полиција. Била секретар на Градскиот одбор на АФЖ, формиран во втората половина на 1943 година. Била борец во Првата македонско-косовска ударна бригада, а во мај 1944 година била именувана за политички комесар на баталјон, одговорна по СКОЈ и политички комесар во дивизиската болница. Носител е на Партизанска споменица од 1941 и повеќе одликувања.
Поврзано
Јулија Кардула Константина Кардула-Ќука Зоран Кардула
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941