Едногодишен жедник () — вид цветно тревесто растение кое припаѓа на родот Жедник (Sedum) од семејството Дебелци (Crassulaceae). Цвета со жолти цветови од мај до јули. Видот за прв пат е опишан од шведскиот ботаничар Карл Линеј.
Опис и распространетост Ова е голо растение што живее една или две години, високо 10–15 см, со едно или повеќе цветни стебленца кои излегуваат од коренот. Стебленцата растат исправено, а дел од нив се благо свиткани при основата, со листови поставени во спирала. Листовите се оддалечени меѓусебно, месести, тесни до издолжени, долги околу 6 мм, а оние при основата достигнуваат до 12 мм, полуцилиндрични, зелени или понекогаш црвенкави, со тап врв и кратко бело торбесто продолжение во основата. Цветовите се собрани во долги цимозни соцветија, најчесто по две на секое стебленце, и можат да содржат до 30 поединечни цветови. Цветовите се составени од пет члена, приседнати или со многу кратка дршка. Чашкините ливчиња се нееднакви по големина, долги 1,5–2 мм, со тап врв и дебела структура. Венечните ливчиња се јајцевидно-копјести, долги 4–5 мм, околу два до два и пол пати поголеми од чашкините, кон врвот постепено се стеснуваат, со жолта или зеленикаво-жолта боја и средна жила која е жолта или црвенкава. Цветот има десет прашници, антерите се жолти. Мешунчињата (плодовите) се жолтеникави, розови или црвени, без влакненца и со заострен врв. Столпчињата се долги приближно 1 мм.
Расте на карпести и каменливи места, плитки песочни почви и покрај грмушки, на височини до 2500 метри. Во Македонија претставува широко распространет вид. Се среќава на планините Јакупица, Караџица, Китка, Скопска Црна Гора, Шар Планина, Баба со Пелистер, Ниџе со Кајмакчалан, Дабничка и Селечка Планина, Лисец (Велешко), Бабуна со Дервен, Кожуф, Плачковица, Осогово со Руен, како и во Маврови Анови, клисурите на Мавровска Река, Радика и Тополка, Прилеп – Маркови Кули, Демир Хисар (меѓу Железнец и Доленци), Кочани – Прибачево и Куманово.
Варијабилност Видот е поделен на следниве подвидови:
Sedum annuum annuum Sedum annuum gussonei Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Жедник Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа