Национален парк Архипелагот Хапаранда () — национален парк во Општина Хапаранда, Округ Норботен, Шведска.

Паркот опфаќа дел од архипелагот Хапаранда на североисток од Ботнискиот Залив, во близина на границата со Финска. Постојат два релативно големи острови, Сандскер и Сескар Фуре, како и неколку помали острови и гребени. Паркот се наоѓа западно од финскиот национален парк Перамери.

Сите острови во архипелагот Хапаранда се појавиле во последните 1.500 години, бидејќи дното на заливот се издигнало поради постглацијалното издигање по последната ледена доба. Копното продолжува да се издига за околу 8,5 мм годишно, па островите постојано се шират. Водата околу островите е плитка, што го отежнува пристанувањето. Островите се одликуваат со големи дини.

Наводи

Надворешни врски Sweden's National Parks: Haparanda Skärgård National Park from the Environmental Protection Agency (Sweden)

Категорија:Национални паркови во Шведска Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:МСЗП-Категорија II