Вида Бухор Касорла ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите на Холокаустот.

Животопис Како ученичка во Битолската гимназија за член на СКОЈ била примена во 1942 година. Учествувала во сите акции што ги организирала скоевската организација во гимназијата. Ширела напредна литература, ги разобличувала младинските фашистички организации „Браник“, „Отец Паисиј“ и „Легионар“ мeѓу еврејската младина. На 11 март 1943 година, од страна на бугарскиот фашистички окупатор, била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска. Задушена е во гасна комора.

Поврзано

Солчи Касорла

Џина Касорла

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Холокауст