Trifolium dalmaticumZohary,M. & Heller,D., 1984 The Genus Trifolium. Jerusalem.Heywood,V.H. & Ball,P.W., 1968 Leguminosae.In:Flora Europaea Vol.2.ed.Tutin,T.G.et al.Greuter,W. et al. (Eds.), 1989 Med-Checklist Vol.4 (published)de Visiani,R., 1829 Flora (Regensb.) Vol.12 (Erganz.1) — едногодишен вид на детелина опишана од Роберто де Визијани. Во Каталогот на живот не се наведени подвидови.

Опис Растението е едногодишно, високо 10–30 см и разгрането уште од основата. Стебленцата се исправени, приподигнати или полегнати, разгранети и со интернодиуми долги 5–12 см. Во долниот дел се покриени со ретки раширени влакна, а во горниот дел со ретки прилегнати влакна насочени нагоре. Базалните листови имаат дршки долги 2–6 см, со ретки раширени влакна, додека кај горните листови дршките постепено се скратуваат, а најгорните се со многу куси дршки или речиси приседнати. Листовите се обратнојајцевидно-клиновидни, долгнавесто-обратнојајцевидно-клиновидни до елиптично-кружести, долги 8–15 мм, со заоблен или плитко всечен врв и ситно назабен раб, кој на поединечни места може да биде речиси цел. Од двете страни се покриени со прилегнати влакна. Прилисниците се јајцевидно-копјести, со долг и тенок заострен шилест врв.

Соцветијата се поединечни, поретко по две, јајцевидни до јајцевидно-цилиндрични и се развиваат терминално или во пазувите на листовите, најчесто обвиени од најгорните листови. Цветовите се долги 8–10 мм и се без прицветници.

Чашката е долга 5–6 мм. Нејзиниот цилиндричен трубест дел е долг околу 2 мм, со десет испакнати жили и покриен со прилегнати влакна, кои најчесто се задржуваат само во горната половина. Запците се линејно-шиловидни и со различна должина: горните се долги околу 2 мм, страничните околу 2,5 мм, а долниот околу 4 мм. По прецветувањето, запците благо се искривуваат и се свиткуваат кон основата на чашката. Венчето е розово, долго 8–10 мм и приближно двојно подолго од чашката. Барјачето е околу 1,5 мм подолго од крилцата и лаѓичката, кои се со иста должина. Плодот е мала мешунка сместена во чашката и обично содржи едно семе.

Распространетост во Македонија Trifolium dalmaticum расте по брдски пасишта и камењари на варовничка подлога на надморска височина до 1300 метри. Растението се среќава: планината Жеден и Жеденската Клисура во Скопје, селото Рогачево во Тетово, Кожа (Мавровско), Кичево и селото Цер, Струга, Вевчани, планината Галичица, островот Голем Град на Преспанско Езеро, Валандово, Струмица, над селото Перово во Гевгелија и помеѓу Стар и Нов Дојран.

Според Фрич во 1915 година во селото Рожден во Кавадарци и според Черњавски во 1943 година во село Коњско во Ресен и Студенчиште во Охрид, ја наведуваат формата Trifolium dalmaticum f. microphyllum, кое се одликува со помали, елиптично-кружести листови.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Детелина Категорија:Флора на Македонија