Euphorbia peplus е вид на млечка, кој е автохотен во поголемиот дел од Европа, северна Африка и западна Азија. Обично расте на обработливо земјиште, градини и друго ископано земјиште.Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe.
Надвор од своето автохотно живеалиште растението е многу широко натурализирано и често инвазивено, и во Австралија, Нов Зеланд, Северна Америка и други земји во умерените и суптропските региони.
Опис Тоа е едногодишно растение кое расте помеѓу 5-30 цм височина обично од основата разгрането, со неколку пазувни зеаци. , со мазни стебла без влакна. Листовите се спирално распоредени, целокрајни, голи, светлозелени, црвеникави или црвени, обратно-јајцевидни до округлести 0,5-2 цм долги 1 до 2 пати подолги отколку широки, на врвот заокруглени ил слабо всечени, во основата стеснети со дршка долга 0,2 до 1 цм.
Штитот со 3 зраци а тие понатаму мозе до 5 пати дихотомно да се разгрануваат.
Обвивката на циатумот околу 1,5 мм долга, со 4 светло-жолти жлезди, а тие со 0,4-1 мм долги и кончесто тенки бели рокчиња.
Кутијката 2-2,5 мм долга, гола, мазна, а карпелите по средината на грбавата страна со 2 паралелни кожести крила.
Семките сиви или кафеави 1,1-1,5 мм долги и 1 мм широки, јајцевидно шестоаголни, при шро четирите надворешни површини се со надолжно распоредени 3-4 круглести вдлабнатини, а секоја од двете внатрешни површини со по една долга бразда.
Варијантата minima има ниски, разгранети стебла, заоблени листови, помали семиња од 1-1,4 мм (наспроти 1,3-1,6 мм од варијантата peplus), и претежно расте во земји на северниот крај на Медитеранот.
Распространетост во Македонија Euphorbia peplus во Македонија расте по градини, ниви, дворови и покрај патишта во Дојранско - брдото Дуб и покрај Вардар, помеѓу Велес и Гевгелија.мини|Euphorbia peplus cyathium
Медицинска употреба Сокот од растението долго време се користи како традиционален лек за вообичаени кожни лезии. Активната состојка во сокот е дитерпенски естер наречен ингенол мебутат.
Фармацевтски квалитетен ингенол мебутат гел има одобрение од Американската администрација за храна и лекови за третман на актинична кератоза.
Во Германија, неодамнешните студии ја поврзале Euphorbia peplus со практичното елиминирање на сквамозноклеточниот рак на кожата.
Други употреби Euphorbia peplus порано се јадела во Полска во периоди на глад. Целото растение, заедно со коренот, се подготвувало со варење во млеко.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Африка Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија