Луис Хавиер Суарес Чарис (роден на 2 декември 1997 година, во Санта Марта) — колумбиски фудбалер, напаѓач на Спортинг Лисабон и на колумбиската репрезентација.
Технички карактеристики Централен напаѓач, кој се издвојува по својата подвижност и брзина на теренот. Тој е мобилен напаѓач, кој често учествува и придонесува во градењето на акциите, за потоа веднаш да го нападне шеснаесетникот барајќи топка за да ја заврши акцијата. Покрај тоа, се смета за специјалист за изведување пенали, со повеќе од 20 реализирани во кариерата.
Клупска кариера Почетоци и рана кариера Роден во Санта Марта, Суарес ја започнал својата кариера во екипата на Леонес. Своето деби за првиот тим го имал на 5 октомври 2015 година, влегувајќи како замена во второто полувреме во поразот од 3–1 на гостински терен против Америка де Кали во Категорија Примера Б. По осум настапи за првиот тим на Леонес, на 1 март тој бил позајмен на Гранада до 2017 година со вклучена откупна клаузула, каде бил префрлен во резервниот тим во Сегунда Дивисион Б.
На 17 јули 2017 година, откако неговите федерални права биле доделени на Вотфорд, Суарес бил позајмен на Реал Ваљадолид Б повторно во третата шпанска лига. На 9 јули, откако постигнал 11 гола, тој се приклучил на клубот од Сегунда Дивисион, Химанстик Тарагона, исто така со привремен договор.
Своето деби за Химнастик, Суарес го имал на 20 август 2018 година, заменувајќи го Тете Моренте кон крајот на натпреварот на домашен терен против Тенерифе, што завршил 1–1. Својот прв гол го постигнал на 7 октомври, израмнувачкиот во ремито 1–1 против Кадис. Сезоната ја затворил со 36 настапи и 6 гола.
На 21 јуни 2019 година, Суарес бил позајмен на Реал Сарагоса, уште еднаш натпреварувајќи се во втората шпанска лига. Тој ја завршил регуларната сезона со 19 гола, со кои бил најдобар стрелец на тимот, но не му било дозволено да игра во плејофот бидејќи неговата позајмица веќе истекла.
Гранада На 2 октомври 2020, Суарес се вратил во Гранада потпишувајќи петгодишен договор со клубот, кој му овозможил по неколку сезони во втората лига конечно да заигра во Примера Дивисион. Своето деби во најсилната шпанска дивизија го направил два дена подоцна, влегувајќи како замена во судиското продолжение на местото на Антонио Пуертас, во натпреварот на гостувањето кај Кадис кој завршил нерешено 1-1. На 22 октомври 2020, дебитирал во европските натпреварувања, во натпреварот добиен со 1-2 на гости против во Лига Европа; на 5 ноември, тој го постигнал својот прв гол во натпреварувањето, за време на победата со 0-2 над Омонија во Никозија, а потоа погодил и во вториот натпревар против истиот противник.
Во првенството, Суарес играл редовно во текот на целата сезона и придонесувал постигнувајќи голови. На 13 декември 2020, тој го постигнал единствениот гол во натпреварот добиен со (0-1) на гостувањето против Елче. Тој го отворил резултатот и во победата на Гранада на домашен терен со 2–0 против Осасуна во јануари 2021 година. Сезоната ја завршил со 27 настапи и 5 гола во Примера Дивисион, каде Гранада го освоила 9-тото место на табелата на крајот од сезоната.
Следната сезона, тој останал редовен во напаѓачкиот дел од тимот на Гранада, придонесувајќи со голови и асистенции во тешката сезона во која тимот се борел да го одржи прволигашкиот статус. Својот прв гол за сезоната го постигнал во август 2021, против на домашен терен во натпреварот што завршил нерешено 1-1. На крајот, сепак, и покрај 8 постигнати гола Суарес не можел да му помогне на клубот да избегне испаѓање во Сегунда Дивисион.
Марсеј На 18 јули 2022 година, Суарес потпишал за францускиот клуб Олимпик Марсеј.
На 7 август 2022 година, го имал своето деби за клубот во првиот натпревар за сезоната во Лига 1 против Ремс на Велодром, натпревар во кој постигнал два гола во победата на Олимпик со 4-1. Еден месец подоцна, на 7 септември, го направил своето деби во Лигата на шампионите во натпреварот против Тотенхем во Лондон загубен со 2-0. И покрај добриот почеток, времето за играње на Суарес станало ограничено како што изминувала сезоната, и тој постигна само три гола за Марсеј во 11 настапи во сите натпреварувања - вклучувајќи два гола во дебитантскиот настап против Ремс и еден гол против - пред да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Алмерија Во декември 2022 година, Суарес се вратил во Шпанија приклучувајќи се на Алмерија како позајмен играч од Марсеј, со задолжителна обврска за откуп доколку клубот избегне испаѓање од Примера Дивисион. Своето деби го имал на 8 јануари 2023, во првенствениот натпревар против Реал Сосиедад на домашен терен загубен со 0-2. Својот прв гол го постигнал на 27 јануари, во победата со 3-1 над Еспањол. На 26 април, тој ги постигнал двата гола за Алмерија во победата со 1-2 на гости против Хетафе. Сезоната ја завршил со 21 настап и 4 гола во првенството, но ги пропуштил последните два натпревари поради суспензија заработена по директниот црвен картон кој го добил во поразот со 1-0 на гости против Реал Сосиедад во 36-тото коло. Сепак, и без него во составот, Алмерија успеала да обезбеди опстанок завршувајќи на 17-тото место на табелата, што автоматски ја активирало обврската за откуп на Суарес.
Следната сезона, напаѓачот се мачел со повреди, поради што одиграл само 15 првенствени натпревари и постигнал 6 гола. На 1 октомври 2023 година, тој постигнал хет-трик во ремито 3-3 против неговиот поранешен клуб Гранада. На крајот од сезоната Алмерија завршил на 19-тото место и испаднала во Сегунда Дивисион. И покрај испаѓањето, Суарес останал во тимот за да му помогне да направи експресно враќање во највисокото ниво. На 18 декември, тој постигнал хет-трик во победата со 1-4 на гости против Расинг Ферол. На 4 јануари 2025, тој постигнал уште еден хет-трик овојпат во Купот на Шпанија во победата со 4-1 во третото коло над прволигашот Севиља. Сезоната ја завршил со 27 постигнати гола, станувајќи најдобар стрелец во Сегунда Дивисион. Сепак и покрај неговите голови, Алмерија не успеала да се врати во Примера Дивисион завршувајќи на шесттото место и губејќи од Реал Овиедо во првата рунда од плејофот.
Спортинг Лисабон На 28 јули 2025 година, Суарес потпишал петгодишен договор со Спортинг Лисабон, во трансфер вреден 25 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Своето деби за клубот го направил на 17 август, постигнувајќи притоа два гола во победата над со 6-0 во првото коло од Примеира лига 2025-2026. На 1 октомври, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, реализирајќи пенал во поразот од 2–1 на гости против Наполи. На 28 декември, го постигнал првиот хет-трик во дресот на Спортинг, во победата со 4-0 над во првенството. На 20 јануари 2026 година, тој ги постигнал двата гола во победата од 2–1 над Париз Сен Жермен. Својата дебитантска сезона со Спортинг ја завршил како најдобар стрелец во Примеира лига, со 28 гола. Сепак, и покрај личниот успех, на клупски план сезоната била разочарувачка бидејќи „лавовите“ не успеале да ја одбранат титулата во првенството, завршувајќи втори зад Порто и губејќи го финалето на купот од второлигашот Тореенсе.
Репрезентативна кариера Своето деби за колумбијската репрезентација, Суарес го направил на 17 ноември 2020, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026, загубен во Кито од со 6-1. Освен тој натпревар, Суарес настапил само уште еднаш во споментатите квалификации, во победата со 0-1 на гости против во март 2022 и одиграл уште два пријателски натпревари истата година.
После три години без настап, тој се нашол на списокот повикани играчи во репрезентацијата од селекторот Нестор Лоренцо, за јунските квалификациски натпревари за Светското првенство 2026. На 10 септември 2025, тој ги постигнал својте први голови за репрезентацијата, погодувајќи ја мрежата на Венецуела дури четири пати во победата со 3-6. На 1 јуни 2026, тој постигнал гол во победата на Колумбија со 3-1 над во пријателски натпревар одиграл во Богота.
Тој бил повикан од Лоренцо во составот на Колумбија за Светското првенство 2026."Convocatoria de la Selección Colombia Masculina de Mayores para la Copa Mundial de la FIFA 2026"
Хронологија на репрезентативните настапи
Наводи
Надворешни врски
Луис Суарес на soccerway Луис Суарес на transfermarkt Луис Суарес на espn Луис Суарес на whoscored
Категорија:Фудбалери на ФК Вотфорд Категорија:Фудбалери на ФК Реал Сарагоса Категорија:Фудбалери на ФК Гранада Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Алмерија Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Колумбиски фудбалери Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026