Daphne laureola, е шумска грмушка од фамилијата скриеносеменици Thymelaeaceae. Нејзиниот автохтон опсег опфаќа голем дел од западна и јужна Европа и се протега до Алжир, Мароко и Азорските Острови.

Опис мини|Во овошје, долина Валбона, Албанија Зимзелено, грмушесто растение 40-120 цм високо.

Стеблото со слабо разгранети гранчиња; младите гранчиња голи, со жолто-заланикава кора, која подоцна станува светло сива.

Листовите обратно-јајцевидно-копјести, 120 цм долги, 3 цм широки, јаки, кожести, светликави голи, најшироки во горната половина, на врвот заострени, кон основата постепено се стеснуваат во дршка, горната страна темнозелена, а долната посветла.

Цветовите со куси дршки, групирани во мали гроздови од по 5-7 цвета, со прицветници во основата и се развиваат во пазувите на листовите од претходната година. Перијантот жолто-зелен, цилиндричен, на врот 1/4 насечен на 4 широко-јајцевидни дела со заострен врв. Прашниците 8, во 2 ред а по 4 и со куси бели филаменти. Плодникот со кусо столпче и топчест жиг. Плодот јајцевидна црна костелка.

Таксономија Два подвида се прифатени од базата на податоци „Plants of the World Online“> кои не се сметаат за различни од Euro+Med Plantbase, според кои видот е монотипичен.

Daphne laureola subsp. laureola — поголемиот дел од ареалот на видот Daphne laureola subsp. philippi (гр.) Nyman — ограничена на Пиринеите

Екологија и живеалиште Тоа е еден од двата вида на Daphne кои потекнуваат од Велика Британија, а другиот е Daphne mezereum. Обата претпочитаат алкални почви и најчесто се наоѓаат во варовнички области, иако D. laureola се може да се најде и на глина. pp. 381–382. Сепак, за разлика од D. mezereum, D. laureola е зимзелена, со жолтеникаво-зелени цветови кои никнуваат многу рано во пролет и црни бобинки.

Распространетост во Македонија D. laureola расте по буковите и четинарските шумски заедници.

Позната за Гостивар, Мавровско, клисурата на Мавровска Река, Кавадарци - с. Мајден и с. Мрежичко, Кожуф - Смрдлива Вода, Галичица. Се посочува за Ниџе, помеѓу Гостивар и Кичево и над кањонот на Црна Река, на Серта - Градешка Планина, Дудица.

Како инвазивен вид Надвор од својот автохтон ареал, D. laureola е натурализирана во Шкотска, Ирска, Данска и Крим. Се смета за инвазивен плевел во делови од Австралазија и западна Северна Америка. Расте на сонце или сенка, добро се вклопува во умерените шумски подлоги и може да колонизира области за да формира монотипски насади и да ја надвладее автохтоната вегетација. Тоа е штетен плевел од класа Б во државата Вашингтон, и во автохтоните шуми во Тасманија, Австралија, и Нов Зеланд.

Токсичност Сите делови од растението, се отровни за луѓето. Познато е дека сокот предизвикува осип на кожата при контакт.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија