Никола Иванов Бојаџиев (Велес, 15 ноември 1867 — Велес, 5 октомври 1911) — македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација.
Наводи Никола Бојаџиев е роден на 15 ноември 1867 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од револуционерното семејство Бојаџиеви. Неговиот помлад брат Михаил Бојаџиев (1876 — ?) бил просветител и подоцна член на Македонската револуционерна организација. Синот на Никола — Иван Бојаџиев (1901 — 1930) бил истакнат револуционер и основач на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Се запишал во Солунската машка гимназија но никогаш не завршил. Во 1890-тите работел како книжар и подоцна учител во Банско, Воден, Дојран, Сер и Струмица. Околу 1894 година почнал да работи во Гевгелија.
Во тоа време се запознал со Македонската револуционерна организација преку Гоце Делчев. На 14 јули 1895 година се приклучил во организацијата како член на новосоздадениот Гевгелиски револуционерен реон. Други членови во комитетот биле: Илија Докторов, Тома Бајалцалиев, Гоце Чанов и Хаџи Нако Матов. По наредба од Делчев, Бојаџиев бил назначен за претседател на ГРО. Бојаџиев, како главен градски професор во Гевгелија, соработувал со останатите селски професори. Подоцна станал директор на Серската женска гимназија.
При Солунската афера во 1901 година, Бојаџиев бил уапсан и интерниран во Бодрум Кале. Казнет бил 101 години но на крајот лежел само 20 месеци. По настаните се преселил во Кнежевството Бугарија. На 8 февруари 1903 година почнал да работи како професор во Првата софиска машка гимназија. Од 1 септември 1905 година бил преместен во Берковица. Незадоволен, се вратил во Велес каде починал на 5 октомври 1911 година.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1867 година Категорија:Починати во Велес Категорија:Починати во 1911 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски учители Категорија:Дејци на МРО Категорија:Отомански Македонци Категорија:Македонски преселници во Софија