Filipendula е род од 12 видови повеќегодишни тревести скриеносеменици од семејството рози, домородни во умерените региони на северната полутопка. Добро познати видови вклучуваат Filipendula ulmaria и Filipendula vulgaris, обете домородни во Европа, и Filipendula occidentalis и Filipendula rubra, домородни во Северна Америка.
Опис Многугодишни тревести растенија. Листовите перести а паровите на големите ливчиња алтернираат со парови на мали ливчиња. Цветовите хермафродитни, во голем број, групирани во слични на метличка лажни штитовидни соцветија. Чашката и венчето 5-6 члена. Епикаликс (надворешна чашка) нема. Прашниците во голем број (20-40). Плодникот натцветен. Карпелите 5-12. Столпчето и жигот помали од 1мм. Плодот едносемено оревче.
Filipendula се храна за ларвите на некои видови пеперуги.
Видовите во минатото понекогаш се третирале во широка смисла на родот Spiraea, но генетските истражувања покажале дека не се толку блиски отколку што се сметало претходно.
Името на родот Filipendula потекнува од латинските зборови „нишка“ и „виси“, се однесува на кртола од F. vulgaris, кои се прицврстени еден за друг со кончести корени.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Таксони опишани од Филип Милер Категорија:Рози (потсемејство) Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Македонија