Јордан Бошков (Велес, 1867 — ?) — македонски револуционер и деец на Врховниот македонски комитет. Дел од Мелничкото востание. Подоцна се приклучил во Македонската револуционерна организација и учествувал во Илинденското востание.
Животопис Јордан Бошков е роден во 1867 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Подоцна се запишал во градската гимназија кај Николаев, Руско Царство. При неговото образование се приклучил во нихилистички кружок. Поради тоа бил исклучен од гимназијата. Се приклучил во Македонското национално движење. По Руско-турската војна во 1878 година, Бошков се вратил во Балканот. Се сместил во градот Пловдив, престолнина на Источна Румелија. Таму работел како телеграфист. Активен деец бил на македонската емиграција во државата. Во 1885 година учествувал во Пловдивскиот државен удар каде Кнежевството Бугарија ги припоиле териториите на Источна Румелија.
Во Софија, се приклучил во Врховниот македонски комитет. Во 1895 година бил дел од втората востаничка чета, предводена од Кочо Љутата, при Мелничкото востание. Четата била составена од 150 борци, меѓу кој бил Петар Начев. Учествувале во превземување на градот Струмица. Бошков учествувал во борбата кај село Габрово против турските аскери.ЦВА, ф. 422, оп. ІІ, а. е. 24, л. 129 – 154. Оригинал. Машинопис.(Бел. на Хр. Силянов, Ив. Попов и В. Чекаларов.) Следната година Бошков изгубил надеж во ВМК, поради тоа со Иван Костов се приклучиле во Македонскиот централен таен револуционерен комитет. Предводен од Михаил Герџиков.Алманах на българските национални движения след 1878, Академично издателство „Марин Дринов“, София 2005, с. 181.
Во февруари 1903 година се приклучил во четата на Герџиков, учествувал во неуспешниот обид на уништување железничките линии меѓу Истанбул-Одрин. На 19 февруари учествувал во борбата кај Кучуксинекли, Источна Тракија. Како дел од Одринскиот револуционерен округ учествувал во Илинденското востание. Претежно дејствувал кај Одринско.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1867 година Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Дејци на МРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Дејци на Македонскиот таен револуционерен комитет Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Мелничкото востание