Легенда за есента () — американска епска вестерн-драма од 1994 г., четврт долгометражен филм во режија на Едвард Цвик, заснован на истоимената повест на Џим Харисон од 1979 г.

Главните улоги ги толкуваат Бред Пит, Ентони Хопкинс, Ејдан Квин, Џулија Ормонд и Хенри Томас.

Приказната се одвива околу три браќа и нивниот татко, кои живеат во дивината на рамнините во Монтана на почетокот на XX век, истражувајќи како природата, историјата, војната и љубовта влијаат врз нивните животи. Временскиот опфат на филмот трае речиси 50 години, започнувајќи од почетокот на XX век, минувајќи низ Првата светска војна, епохата на Сувиот закон во САД, па сѐ до кратката сцена што се одвива во 1963 г.

Филмот бил номиниран за три награди „Оскар“ и ја освоил онаа за Најдобра кинематографија (која му припаднала на Џон Тол). И во филмот и во книгата повремено се среќаваат поими на корнски јазик, бидејќи Ладлоу се семејство на доселеници од Корнвол (Корнвалци).

Содржина Приказната се одвива на Карпестите Планини во Монтана во почетокот на 1900-тите години и е повест за љубов, предавство и братство. Откако бил отпуштен од војската, полковникот Вилијам Ладлоу (сер Ентони Хопкинс) одлучува да ги подигне своите три сина во дивината на Монтана, каде што би можеле да растат далеку од владата и општеството што тој научил да ги презира. Тројцата браќа созреваат и се чини дека имаат нераскинлива врска, сѐ додека во нивните животи не влегува Сузана (Џулија Ормонд). Кога Семјуел (Хенри Томас), најмладиот од тројцата, се враќа од факултет, ја носи со себе својата убава свршеница, Сузана. Најстариот син, Алфред (Ејдан Квин), набрзо се вљубува во свршеницата на својот брат, а работите се влошуваат кога тој открива дека се раѓа страст помеѓу Сузана и Тристан (Бред Пит). Тристан, кој е омилениот син на полковникот Вилијам Ладлоу, е самоволен и див како самите планини. Како што браќата заминуваат да се борат во војната во Европа, сомнежот и љубомората се закануваат да ја уништат нивната некогаш нераскинлива врска.

Улоги

| Бред Пит || Тристан Ладлоу |- | Ентони Хопкинс || полковник Вилијам Ладлоу |- | Ејдан Квин || Алфред Ладлоу |- | Џулија Ормонд || Сузана Финканон-Ладлоу |- | Хенри Томас || Семјуел Ладлоу |- | Кристина Пиклс || Изабела Ладлоу |- | Мечката Барт || мечката |- | Карина Ломбард || Изабел „Изабел Два” Декер-Ладлоу |- | Пол Десмонд || Декер

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1994 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Монтана Категорија:Филмови за браќа Категорија:Американски драмски филмови