Rosa pendulina е вид дива роза што се наоѓа во планините на централна и јужна Европа. Се чини дека преживеала во глацијални рефугиуми во Алпите и Карпатите, а оттаму се проширила. Како ползечка грмушка со темно розови цветови и релативно малку трње, има историја на одгледување како украсно растение. лево|мини|Ботаничка илустрација

Опис Грмушесто растение 0,3-2 м високо. Со подземните изданоци образува нови надземни гранчиња, така што формира речиси колонии. Гранчињата со зелена или обично црвеникаво-пурпурна кора и обично без трња, и тоа особено кај младите гранчиња, но понекогаш се среќаваат игличести трнчиња со различна должина. Листовите со 7 или 9 ливчиња, 15-40 мм долги, 7-20 мм широки, долгнавесто-јајцевидни или долгнавесто-обратно-јајцевидни, на врвот заострени или круглести, во основата клиновидно стеснети, двојно напилени, со остри запци и со жлезди по врвот на запците. На горната страна зелени, голи или со ретки влакна, на долната страна сивкаство-зелени со ретки влакна и со ретки жлезди со куси дршки по средната жила, понекогаш обете страни голи, лисната дршка обично со жлезди со куса дршка.

Цветовите поединечи, обично големи, до 50 мм во пречник, прицветниците обично долги колку цветните дршки и многу рано отпаѓаат, цветната дршка до 30 мм долга и со жлезди со куса дршка, а покрај нив може да има и жлездести четини. Чашкините ливчиња целокрајни, обично подолги од венчето, на врвот листовидно проширени, по работ и на внатрешната страна влакнести, додека на грбната страна и по работ и на внатрешната страна влакнести, на грбната страна и по работ на надворешните ливчиња со жлезди со куси и долги дршки, а по прецветувањето се издигнуваат нагоре и остануваат на плодот. Венечните ливчиња 15-25 мм долги, розови до пурпурни. Столпчињата густо влакнести и образуваат влакнеста главичка. Зрелиот плод обично портокалов, поретко црвен, крушовиден, поретко топчест, по површината со жлезди на дршки и жлездести четини, многу поретко гол.десно|мини|Зрели шипинки

Распространетост Расте во релативно топли, сенчести и влажни подрачја покрај потоци, во чистинки во шуми или на карпести купови, помеѓу 350 и 2.500м надморска височина.

Најчесто се наоѓа во субалпската зона на планините на Централна и Јужна Европа: Пиринеите, Централниот масив, Алпите (на надморска височина до 2300–2600 м.н.в.).м во различните делови од масивот), низ Карпатите (до 1800 м. надморска височина во Татрите), во Чешка и соседните области на Германија и Полска, на Апенините и по планините на Балканскиот Полуостров (на надморска височина од 1000–2500м).

Воведено е во Нова Англија и може да се најде и на други места.

Распространетост во Македонија Расте по планинските пасишта помеѓу другите грмушести растенија, од 1,000 до 2,000 м надморска височина. Позната е за Скопје - Козјак, Шар Планина, Јакупица, Караџица - Рада Планина, Маврово - Кожа, клисура на Горна Радика, Кораб, Дешат, Јабланица, Пелистер, Ниџе - Кајмакчалан, Дудица, Кожуф, Беласица, Прилеп, Валандово и Бистра.

Одгледување Често нарекувана по својот синоним Rosa alpina, се одгледува со векови (од околу 1683), со многу сорти кои денес се речиси заборавени. Генетски придонела за непознат, но голем број постоечки сорти рози. Цвета рано, има пријатен, силен мирис и е речиси без трње; пожелни особини за одгледувачите на рози. Несакана особина е тоа што има слаби стебла што ги потпираат цветовите, што доведува до тоа плодовите да висат.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Роза Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија