Плутониум — редок радиоактивен, метален и токсичен хемиски елемент. Тоа е цепни елемент кој се користи во повеќето современи јадрени оружја. Најзначајниот изотоп е 239Pu, со полураспад од 24.100 години. Плутониумот може да се произведе од природен ураниум. Најстабилниот изотоп е 244Pu, со полураспад од околу 80 милиони години, доволно долг за да се најде во екстремно мали количества во природата.

Наводи

Категорија:Хемиски елементи Категорија:Вештачки елементи Категорија:Канцерогени Категорија:Актиноиди Категорија:Јадрена технологија Категорија:Тешки метали Категорија:Јадрени материјали