Orthilia — род цветни растенија од семејството вресови (Ericaceae). Има само еден вид, Orthilia secunda. Од таксономска гледна точка, растението првично му припаѓало на родот Pyrola, пред да биде преместено во својот сегашен род.
Растението е широко распространето низ северните делови на светот и може да се најде во поголемиот дел од Северната Хемисфера.
Во Македонија ги населува засенчените и влажни предели во рамките на шумскиот појас. Се среќава на Шар Планина, Бистра, Дешат - Крчин, Маврови Анови и с. Врбен, Јабланица, Баба, Дудица, Кожуф и Голак.
Миксотрофија Orthilia secunda се класифицира како миксотроф, што значи дека околу половина од потребниот јаглерод го обезбедува преку микоризни мрежи. Начинот на исхрана се одвива така што микоризните габи го црпат јаглеродот од кореновиот систем на околните дрвја, по што растението го презема од габите преку сопствениот корен. Притоа, досега не е забележан повратен проток на хранливи материи од растението кон габите.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Jepson Manual Treatment Photo gallery
Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија