Александар Ганчов Варналиев (Велес, 5 септември 1931 — ?) — македонски политичар и деец на Комунистичката партија на Македонија. Градоначалник на Општина Титов Велес меѓу 1969 и 1974 година. Под негов мандат бил усвоен официјалниот грб на Општина Велес, кои денес сѐ уште е во корист. Од 8 мај 1974 до 28 април 1982 година бил Министер за транспорт и сообраќај.

Животопис Александар Варналиев е роден на 5 септември 1931 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Произлегува од велешкото револуционерно семејство Варналиеви. Повеќе членови од неговото семејство учествувале во македонското национално движење. Андреј Варналиев бил дел од четата на Панчо Константинов кога загинал кај Ветерски манастир во 1906 година. Георги Варналиев учествувал во Илинденското востание исто како Иван Варналиев. Јордан Варналиев се самоубил при борба со турските аскери кај село Карбинци, Штипско. Роса Варналиева била меѓу првите борци за правата на жени во Македонија.

Неговиот татко Ганчо Варналиев се занимавал со фурнаџиски занает. Александар Варналиев стекнал основно образование во неговиот роден град. По Втората светска војна, Варналиев стекнал више образование во Социјалистичка Република Југославија. Дипломирал во правосудство. Истовремено се приклучил во Комунистичката партија на Македонија. Кон втората половина на 1960-тите учествувал во политичкото управување на Општина Титов Велес. Во 1967 година се приклучил во Велешката општинска изборна комисија заедно со: Ордан Танев, Славчо Петров, Иван Јованов и Јосиф Пешов. Истата година учествувал во Рациновите средби со Блаже Конески.

Во 1969 година бил избран за градоначалник на Општина Титов Велес. Под негов мандат, спомен-куќата на револуционерот Васил Главинов бил претворен во историски музеј. Освен тоа, Варналиев го воведил грбот на Општина Велес, кои сѐ уште е во корист ден денес. Неговиот мандат траел до 1974 година. Неколку месеци подоцна, на 8 мај 1974 година, Варналиев бил назначен за министер за транспорт и сообраќај во Четиринаесетта влада на Македонија (1974 — 1978). Всушност, Александар Варналиев бил првиот министер за транспорт и врски. Варналиев повторно бил назначен за министер во Петнаесетта влада на Македонија (1978 — 1982).

Следната година, Варналиев побарал повеќе централизирање во Социјалистичка Република Македонија по повод на смртта на Јосип Броз Тито. Во 1984 година, Варналиев заедно со Љупчо Ивановски, Александра Нача, Реџеп Агиу, Даут Мехмеди, Ристо Џунов, Урош Андреевски, Иван Аврамовски, Глигорие Гоговски и Милан Камчев се пожалиле кај македонското собрание, побарале привремено замрзнување на цените на продукти во продавници. Во 1985 година Варналиев бил назначен за претседател на Железничка станица „Скопје“.

Наводи

Категорија:Политичари од Велес Категорија:Родени во 1931 година Категорија:Македонски политичари Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Градоначалници на Општина Велес Категорија:Министри за транспорт и врски на Република Македонија Категорија:Македонски правници Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Македонски комунисти