Драгица Клисинка ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис За времето на Кралството Јутославија и припаѓала на напредната младина. Член е на СКОЈ од 1940 година. Како ученичка во Кумановската гимназија учествувала во организирање на штрајкот пpoтив бугарските просветни власти (септември 1941 година). Собирала народна помош, агитирала меѓу младината за учество во НОД. Во декември 1941 година од бугарската полиција била уапсена. По кратко време била пуштена на слобода. Во октомври 1943 година повторно била затворена и задржана 15 денови в затвор. По трет пат била затворена во февруари 1944 година. По 10 денови пуштена е на слобода и продолжила активно да работи за НОД. Пред ослободувањето на Куманово заедно со целото семејство се евакуирале на село. На теренот Пчиња, Винце се вклучила во акцијата за описменување.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ