Буразанли (, Мировлитис; до 1927 г. Μπουραζανλή) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бук во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1923 г. било населено со Турци.

Географија и местоположба Селото се наоѓало во северозападните падини на Урвил, источно од градот Драма, околу 2 км североисточно од Нусретли.

Историја Во XIX век Буразанли било мало турско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак.

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 188 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 278 лица.

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени бегалски семејства со вкупно 226 бегалци, колку што броело селото во 1928 г. Во 1927 г. селото е преименувано во Мировлитис (Μυροβλήτης).

Буразанли за последен пат е попишано во 1951 г. со 200 жители, додека во подоцнежните пописи не се спомнува како посебна населба, бидејќи е потполно споено со Нусретли.

Население

Наводи

Категорија:Историски села во Бук