Еосфорит — кафеав (повремено розов) манганов хидратен фосфатен минерал со хемиска формула: MnAl(PO4)(OH)2·H2O.Fleischer, Michael & Mandarino, Joseph, "Glossary of Mineral Species", The Mineralogical Record, 1991 Се користи како скапоцен камен.Gemstones By Michael O'Donoghue p.192
Еосфоритот кристализира во моноклински кристален систем. Образува тенки призматични кристали кои често образуваат зрачни или сферични јата. Кристалите често покажуваат псевдо-орторомпски облици поради сраснување.
Еосфоритот образува низа со чилдренитот, членот богат со железо, при што двовалентното железо го заменува поголемиот дел од манганот во кристалната решетка. Двата крајни членови се изоструктурни, но се разликуваат по своите својства, како што се кристалната структура, обоеноста и оптичките својства.
Првпат бил опишан во 1878 година при појава во рудникот Бранчвил во Бранчвил, округ Ферфилд, Конектикат, САД. Неговото име е изведено од грчкиот збор έωσφορος που значи „зороносец“, поради неговата розова боја. Се јавува низ целиот свет, обично како секундарен минерал во гранитни пегматити богати со фосфати во асоцијација со родохрозит, литиофилит, трифилит, триплоидит, дикинсонит, албит, кукеит, апатит, берилонит, хидроксил-хердерит и турмалин. Атрактивна комбинација од еосфорит и розов кварц се наоѓа во Такварал, Минас Жераис, Бразил.
Наводи
Категорија:Скапоцени камења Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Фосфатни минерали