Бердјанск е град и важно пристаниште на северниот брег на Азовското Море, во Запорошката Област во југоисточна Украина. Основан е во 1827 година како населба покрај новоизграденото пристаниште, а во текот на XIX век се развил во значаен трговски центар за извоз на жито и други земјоделски производи. Покрај пристанишната функција, Бердјанск бил познат и како климатско и кално лекувалиште, благодарение на природните услови на Бердјанскиот Залив.
Во советскиот период градот прераснал во важен индустриски центар со развиено машиноградба, прехранбена и кабелска индустрија, а од 1939 до 1958 година го носел името Осипенко. Од 2022 година Бердјанск се наоѓа под руска окупација во рамките на руско-украинската војна.
Наводи
Категорија:Градови во Украина