Ranunculus oreophilus — вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.
Неговиот домороден опсег е во Европа, а расте и во Македонија по субалпските и алпските пасишта, на длабока почва, и претставува многу често растение.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 126, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Многугодишно тревесто растение, високо до 30 см. Стеблото е со прилегнати или расперени влакна. Ризомот во горниот дел е влакнест и со обвивка од мртви лисни ракавци и лиснати дршки. Чашкините ливчиња се влакнести, плодот со многу кус и прилегнат клун.
Наводи
Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа