Сашко Пандев (роден на 1 мај 1987 г.) — македонски поранешен фудбалер, напаѓач.
Клупска кариера Роден во Струмица, Пандев својата професионална кариера ја започнал во Беласица, од каде во септември 2005 година се преселил во Динамо Загреб. Својот прв настап за хрватскиот гигант тој го имал на 14 октомври 2006 година, кога влегол како доцна замена од клупата за резервни играчи во победата на Динамо Загреб над Вартекс од 4–1. На 9 декември 2006 година тој го постигнал својот прв гол во дресот на „сините“ во победата од 3–2 над Меѓимурје во натпревар од првата лига на Хрватска. Една недела претходно, во победата на Динамо Загреб над градскиот ривал Загреб, Пандев бил асистент на двата гола на својот клуб во победата од 2–1.
Приватен живот Сашко е помлад брат на Горан Пандев. Во 2015 година, Сашко се оженил со Ивана Тодорова, ќерката на Орце Тодоров, сопственик на ФК Турново.Фудбалски брак: Братот на Пандев се ожени со ќерката на Орце Турново ekipa.mk 28 јуни 2015
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери од Струмица Категорија:Фудбалери на ФК Турново Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалери на ФК Интер Запрешиќ Категорија:Фудбалери на ФК Ренова Категорија:Фудбалери на ФК Академија Пандев Категорија:Родени во 1987 година