Ranunculus platanifolius е вид на повеќегодишна билка од семејството лутичиња, Ranunculaceae, која расте во планините на Европа.

Опис Ова е тревесто растение од 30 до 100 см високо, со голо стебло со многу гранки.

Листовите се палматни, секој поделен на пет сегменти со назабен раб. Цветовите се организирани во соцветие, а секој цвет има чашка со пет ливчиња, и пет бели венечни ливчиња, и многу прашници.

Распространетост и живеалиште Ова растение живее во планинските шуми на Европа, од 800 до 2000 метри надморска височина.

Во Македонија расте по влажни места или покрај планински потоци во појасот на букова, односно букова-елова шума. Познат за Шар Планина, Мавровско, Дешат и Дудица.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 139, МАНУ, Скопје, 1985

Токсичност Како и другите видови лутичиња Ranunculaceae, ова растение е токсично бидејќи содржи анемонин.

Наводи

Категорија:Лутиче Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија