— јапонско ново религиско движење, кое не е ниту стриктно еднобожечко, ниту стриктно пантеистичко,Fukaya, Tadamasa (1973). The Fundamental Doctrines of Tenrikyo (天理教の根本教義). Tenri, Japan: Tenrikyo Overseas Mission Department; printed by Tenri-Jihosha (天理時報社). (April 1973 revision of 1960 original.) основано во XIX век врз основа на шинтоистичките и будистичките верувања од страна на јапонската селанка и исцелителка Мики Накајама, позната меѓу своите следбеници како „Ојасама“.Fukaya, Tadamasa, „The Fundamental Doctrines of Tenrikyo“, Tenrikyo Overseas Mission Department, Tenri-Jihosha, 1960, p.2
Признаено е од јапонската влада во 1908 г. Неговото седиште и духовен центар се наоѓаат во градот Тенри (префектура Нара). Движењето обединува 16.833 групи и 1,75 милиони следбеници во Јапонија,Japanese Ministry of Education. Shuukyou Nenkan, Heisei 14-nen (宗教年鑑平成14年). 2002. додека низ целиот свет бројот на следбеници се проценува дека надминува 2 милиони луѓеStuart D. B. Picken. Historical dictionary of Shinto. Rowman & Littlefield, 2002. p. 223. (големи групи дејствуваат во Бразил, Канада, Конго, Кореја, Мексико, САД и Тајван).
Историја left|thumb|Седиштето на Тенрикјо во Тенри (префектура Нара). Тенрикјо е основано на 12 декември 1838 г. од Мики Накајама (1798 — 1887), селанка од провинцијата Јамато, која имала репутација на исцелителка со надприродни способности. Според преданијата, таа добила откровение од богот-отец Тенри О-но-Микото со наредба да основа нова религија. Првично, дејноста на движењето била поврзана исклучиво со исцелителската пракса на Мики, додека верската доктрина се основала во периодот меѓу 1866 и 1875 г. врз основа на светите списи Микагура ута (Песнопења кон светите танци), Осашизу (Божествено упатство) и Офудесаки (Врвот на божествената четка), создадени од Мики Накајама, како и развиените култни ритуали од неа, од кои најважен е Кагура-зутоме (Танц на спасението).
Во 1875 г. започнала изградбата на главниот култен центар во Џиба, сакралниот центар на вселената и местото на создавањето на светот. По смртта на Мики во 1887 г., движењето што го основала го презел Ибури Идзо (1833 — 1907), во кој, според верувањата на следбениците, исто така се вселило божеството. До тоа време, верската доктрина и култот на сектата биле конечно основани.
Во 1908 г., тенрикјото официјално се регистрирало во Јапонија како посебна религиска заедница, станувајќи една од 13-те официјално признати шинтоистички секти.
До 1895 г., религијата тенрикјо се раширила низ цела Јапонија. Во 1896 г. нејзините следбеници се појавиле во САД, во 1897 г. — во Тајван, во 1898 г. — во Кореја, а во 1901 г. — во Кина. Во 1920-тите и 1930-тите години доктрината тенрикјо се променила, поради што во 1940 г. бил усвоен нов правилник насловен како „Тенрикјо кјотен енги“ („Детално објаснување на доктрината на тенрикјо“).
Во 1947 г., по усвојувањето на новиот јапонски устав, кој ја гарантира слободата на вероисповедта, во рамките на тенрикјо се основало преродбеничко движење фукуген, чии следбеници се стремеле кон обновување на изворните облици на учењето и, истовремено, кон негово редефинирање на глобално ниво. Под влијание на овие реформаторски движења, во 1970 г. движењето ја напуштило здружението на шинтоистички секти со цел да ја објави својата светска мисија.
За време на постоењето на тенрикјо, од него се одделиле низа секти: Тенрин-О меисеи кјодан (1881), Хомити (1925), Техан чолигјо (1948, Јужна Кореја), Хонбусин (1961).
Учење Следбениците на тенрикјо веруваат дека Бог на Исконот, воедно и Бог на Вистината, кој е познат под неколку имиња, вклучувајќи ги Цукихи, „Тенри О-но-Микото“ и „Ојагамисама“, ја открил божествената цел преку Мики Накајама како светилиште на Бога и, во помала мера, преку Ибури Идзо и други водачи. Светската цел на тенрикјо е да го проповеда и шири Радосниот Живот, кој се негува преку дела на добротворство и свесност наречени хинокисин.
Основата на тенрикјо ја сочинува учењето за остварување на мирен и среќен живот на Земјата преку заемна помош, служење и молитва кон божеството Тенри О-но-Микото, кое помага во спасувањето на светот. Иако последниов се смета за главно божество на пантеумот, верувањето во постоењето на традиционалните јапонски богови и Буда не се оспорува. Тенри О-но-Микото се почитува како бог-отец (ојагами), додека основачката на сектата, Мики Накајама, се почитува како мајка-создателка (ојасама).
Наводи
Надворешни врски
Tenrikyo International Website "Tenrikyō" from World Religions & Spirituality Project
Категорија:Религијата во Јапонија Категорија:Шинтоизам Категорија:Еднобожечки вери