Бхангарх () — тврдина во Индија, Раџастан, основана во времето на махараџата Бхагван Дас, како седиште на неговиот втор син Мадха Синх.

Градбите на тврдината се под управа на Владата на Индија, како и на Археолошкиот завод. Правилата на управата забрануваат останување на оваа територија по заоѓањето на Сонцето.

Запуштена, се смета за место каде што живеат зли духови, и покрај храмовите, дворците и хавелите.

Географија Сместен е меѓу градовите Џајпур и Алвар, во близина на резерватот Сариска.

Бхангарх се наоѓа на 235 км од Делхи, а пристапот до влезната порта на тврдината на последните 2 км од делницата на патот не е асфалтиран.

Легенди за проклетството Постојат две верзии за проклетството на тврдината. Првата се заснова на тоа дека садхуто Баба Балау Натх не дозволил да се градат градби повисоки од неговата, услов кој бил прекршен од Аџаб Синх. Како последица на тоа, градот бил разрушен.

Втората верзија е поврзана со принцезата Ратнавати. Волшебник што се разбирал во црна магија се вљубил во неа. Кога принцезата еден ден одела по пазар со своите пријателки, волшебник видел како таа купува парфем и го заменил парфемот со љубовен напиток. Меѓутоа, принцезата ја дознала измамата на волшебникот и го фрлила напитокот врз една карпа во близина. Како последица на тоа, карпата се затрчала кон волшебникот и го згмечила до смрт. Но пред да биде згмечен до смрт, тој го проколнал градот, изјавувајќи дека наскоро ќе биде разрушен и никој нема да може да живее во неговите граници.

Место на духови И покрај демантите од научниците, суеверијата на месните жители дека ова место е прибежиште на духови остануваат. Тие тврдат дека слушнале крикови и плач на жени, скршени нараквици и чудна музика што доаѓала од тврдината. Жителите забележувале чудни звуци и мирис во текот на ноќта.

Според верувањето, ако некој влезе во тврдината по заоѓањето на Сонцето, тој никогаш нема да излезе оттаму. Како и кај другите народи, ноќе вратите се затвораат од страв од покојници и духови.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Згради и градби во Индија Категорија:Историја на Индија