Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долни Дисан — единствена црква во селото Долни Дисан, во Општина Неготино. Се наоѓа на самото сретсело, кое било неодамна партерно уредено.

Историја

Црквата била изградена на место на стара разрушена црква во периодот 1918/1919 година со доселувањето на население од поткожуфските тиквешки села и од областа Меглен во Егејска Македонија. Има карактеристичен архитектонски стил на градба, различен од сите црковни храмови во околината. Според градбата црквата наликува на храмовите во Битолско, Мариово и егејска Македонија и се разликува од оние во останатите цркви во селата во Тиквешијата и Повардарието.

Галерија

Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Тимјаничка парохија Горни Дисан

Надворешни врски

Црква „Св. Архангел Михаил“ на страницата на Повардарската епархија

Долни Дисан