Alchemilla obtusa е вид скриносемено растение кое припаѓа на семејството рози.

Неговиот роден опсег е од Централна и Југоисточна Европа до Западен Сибир и Централна Азија.

Опис Повеќегодишно растение. Стеблото 20-40 цм високо, прилегнато до исправено, најчесто до вториот или третиот интернодиум повеќе или помалку густо препокриено со влакна. Приосновните листови бубреговидни до скоро круглести, 3-14 цм во пречник, со тесно расто- јание помеѓу долните делови на листовите или пак тие се препокриваат, 9-11-делни, на горната страна голи, на долната страна голи или влак- нести по жилите. Листовите насечени од 1/4 до 1/3, деловите на листовите широки, заокруглени, од основата назабени. Запчињата по 6-9 од секоја страна, нееднакви по облик и големина, тапи, а врвното запче еднакво со страничните, но е многу потесно. Дршките на приосновните листови 2-25 цм долги, слабо влакнести или скоро голи кај пролетните листови, а кај останатите со густи прилегнати влакна. Стеблените листови добро развиени, средни по големина и со куси дршки. Соцветијата тесни, голи. Цветните дршки покуси од цветовите, голи. Цветовите 2,5-4 мм во пречник, жолти. Хипантиумите обратно-јајцевидни, многу куси, голи. Чашкините ливчиња срцевидно-триаглести, покуси или долги колку што се широки, кај најдолните цветови со две влакна на врвот. Ливчињата на епикаликсот многу покуси и потесни од чашкините ливчиња. Зрелите плодчиња покуси од хипантиумите.

Распространетост во Македонија Alchemilla obtusa на територијата на Македонија расте на влажни и тревести места покрај планинските потоци и реки до 2.000 надморска височина.

Се посочува за планината Ручица од масивот Јакупица.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија