Бичје — населба во Општина Гросупље и е дел од месната заедница Шт. Јури.

Бичје е збиена населба во истоимената долина, сместена во подножјето на ридот Виње (478 м надморска височина), на западната страна од котлината Гросупље. На североисток се издига осамениот рид Горица (382 м надморска височина), а јужно од селото има извор чии води се влеваат во потокот Бичје.

Покрај селото се протегаат ливади, а на повисоките предели има ниви. Местото е опкружено со мешана шума, која е погодна за берење печурки и шумски плодови.

Во близина на Бичје се откриени праисториски остатоци, како и наоди од Римското Царство. Населбата запрвпат се споменува во пишаните извори во 1058 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Страници со лошо заокружени бројки Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Општина Гросупље Категорија:Населени места во Словенија