Свети Јован Крстител — главна селска црква во тиквешкото село Дебриште, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на крајот од селото, во Горно Маало.

Историја

Црквата изградена во втората половина на XIX век, најверојатно на старо црквиште.

Архитектура

Ова е мал храм со отворени тремови од јужната и северната страна кои се во урнатини.

Фрескоживопис

Над западниот влез, во нишата е насликан покровителот Свети Јован Крстител, како и годината на живописувањето на црквата — 1873.

Внатрешниот свод е со рамна дрвена таваница. На јужниот ѕид од внатрешната страна има натпис на зографите: „Из руки Петре и син его Глигур из Дебор село Тресанче 1873“. Зачувани се фрески во наосот и олтарот, но се во лоша состојба.

Икони и иконостас

Има икони од XIX век.

Галерија

Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Росоманска парохија Дебриште

Наводи

Надворешни врски

Дебриште Категорија:Дела на Дебарската школа